Приказна на Пауло Коелјо: Рај или пекол?

Еден човек, неговиот коњ и куче се движеле по некаков пат. Додека минувале блиску до едно огромно дрво, ги погодил гром. Сите тројца загинале.

prikazna-na-paulo-koeljo-raj-ili-pekol-01

Но, патникот не забележал дека го напуштил светот и продолжил да оди заедно со животните кои верно го следеле. Понекогаш, на починатите им треба време за да сфатат дека се наоѓаат во нов свет.

Долго оделе, се искачиле на некој рид на кој сонцето печело, а тие биде испотени и жедни. На една кривина здогледале величествена мермерна капија која водела на некој плоштад поплочен со злато, а во средината се издигала огромна фонтана со вода.

Патникот му се обратил на човекот кој стражарел пред капијата:

- „Добар ден”

- “Добар ден”, му одговорил човекот.

- „Какво е ова место, толку убаво?”

- „Ова е небото!”

- „Супер што стигнавме на небото, бевме многу жедни...”

- „Слободно можеш да влезеш и да пиеш вода колку сакаш.”

- „И мојот коњ и кучето се жедни...”

- “Жал ми е, овде е забранет влезот за животни” отсечно одговорил стражарот.

Човекот бил разочаран, бил жеден, но не сакал само тој да се напие. Му се заблагодарил на стражарот и продолжил. Кога го поминал ридот, патникот и неговите животни стигнале до место каде што имало огромна порта која водела до земјена патека и едно големо дрво.

Во сенката под дрвото мирно лежел човек со шешир кој најверојатно дремел.

- „Добар ден” тивко му се обратил патникот.

Човекот само кимнал со главата.

- „Јас, мојот коњ и моето куче сме многу жедни...”

- „Тука има еден извор измеѓу карпите” и му го посочил местото. „И пијте колку сакате!“

Човекот и неговите животни се упатиле кон изворот и се напиле вода колку повеќе можеле.

Патникот отишол да се заблагодари.

- „Вратете се кога и да посакате” му одговорил човекот.

- „А како се вика ова место?”

- „Небо”

- „Небо? Но, стражарот кај претходните порти ми кажа дека и тоа таму е небо.”

- „Тоа таму не е небо, тоа е пеколот.”

Патникот останал зачуден и збунет неколку минути.

- „Тогаш, би требало да забраните да го користат вашето име! Бидејќи барем мене ми направија голема збрка.”

- „Нема потреба. Всушност, ни прават голема услуга. Таму ги задржуваат сите оние кои не се плашат да ги напуштат своите најдобри пријатели...”

Никогаш не ги напуштај своите прави пријатели!

Затоа што да пронајдеш пријател е милост, да имаш пријател е подарок, да го сочуваш пријателот е предност, а да се биде твој пријател е голема чест.

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg