Морална приказна: Кој го пакува твојот падобран?

Чарлс Пламб беше воен пилот на американската поморска воена академија. Леташе во виетнамската војна со огромен борбен авион. По 75 борбени мисии, неговиот авион беше соборен од проектил „земја - воздух”.

koj-go-pakuva-vasiot-padobran-moralna-prikazna-2

За среќа успеа навреме да се катапултира и да го отвори својот падобран, но слета на непријателско тло. Веднаш беше фатен и помина цели 6 години во комунистички виетнамски затвор.

За него тоа беше тешко и искушувачко искуство, но тој му беше благодарен на Бога што сепак го преживеа падот на авионот. Затоа откако излезе почна да држи предавања за она што го научил како животна лекција од тоа искуство. Тоа го правеше сиот живот.

Еден ден, додека Пламб и неговата сопруга седеа во ресторан, им пријде еден човек и му се обрати:

„Ти си Пламб. Беше пилот и леташе со воен авион во виетнамската мисија и твојот авион беше соборен.”

„Како го знаеш тоа? Кој си ти?” – го запраша Пламб.

„Јас ти го пакував твојот личен падобран пред секоја мисија. Се трудев сè да биде во најдобар ред ако ти затреба!” – му одговори непознатиот.

Пламб се сепна и изненади, а измешани чувства поминаа низ него.

„Се надевам дека се отвори на време” – почна да се шегува човекот, забележувајќи дека Пламб не се чувствува пријатно.

„Се разбира дека се отвори. Впрочем, јас не би бил овде денес ако не се отвореше” – прозборе Пламб, при тоа чувствувајќи се виновен што дури сега го сфати тоа.

Пламб не заспа таа вечер. Го замислуваше непознатиот човек како би изгледал во воена униформа, се прашуваше колку пати го видел и одминал без да го поздрави, зошто нели тој беше воен пилот, управувач со моќна борбена машина, а кутриот човек беше само обичен морнар.

Пламб ги замисли сите часови кои морнарот ги поминал на платформата, пакувајќи падобрани, следејќи ги комплицираните упатства за секој од нив и на тој начин држејќи ги во раце судбините на пилотите.

Денес на своето предавање Пламб застана пред публиката и им постави прашање:

Кој го пакува вашиот падобран?

Секој од нас има некој кој се грижи за него и го прави подобра личност, поуспешен човек на дневно ниво. Проблемот е во тоа што најчесто таквите луѓе ги земаме здраво за готово и сметаме дека тие по дефиниција треба тоа да го прават за нас и најчесто ги занемаруваме.

Но, внимавајте! На секој од вас ќе му треба падобран кога ќе биде соборен на непријателска територија. Токму во тешките моменти ќе се сетиме на оние кои во животот ни го пакувале нашиот физички падобран, се грижеле сè да биде во ред со нашиот ментален падобран, да не биде оштетен нашиот емоционален падобран, да не го заборавиме нашиот духовен падобран.

Затоа препознајте ги луѓето кои ја имаат улогата на морнарот во вашиот живот и немојте да ги користите како скалило за вашиот успех.  Во сечиј живот постојат бури и падови, па ќе има и во вашиот. Немојте да дозволите да ги изгубите луѓето кои се грижат за вас, зашто баш тогаш ќе нема кој да го спакува вашиот падобран за вие да слетате безбедно на тлото на животот.

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg