Искрено писмо до шефот

Иронично писмо од една вработена до својот шеф во кое се наведени сите „ситници“ кои вработените ги вадат од кожа, а кое сите директори би сакале да го прочитаат (без иронија, се разбира.)

ironicno-pismo-do-rabotodavecot-2

Драг Директоре,

Никогаш немојте да ми давате работни задачи за време на работно време. Сторете го тоа по 16:00 часот. Обожавам да работам под притисок.

Ако нешто треба итно да се заврши, Ве молам прекинувајте ме на секои 10 минути и прашувајте ме како ми оди. Тоа и те како ми помага. Или уште подобро – можете да ми стоите зад грб и да ме поправате секогаш кога ќе згрешам буква.

Кога излегувате од канцеларија немојте никако да ми кажувате каде одите, тоа ми помага да ја развивам креативноста секогаш кога некој ќе ме праша каде сте.

Ако рацете ми се зафатени со купови хартија, кутии или книги, ни случајно немојте да ми отворите врата. Морам да се научам да се снаоѓам сама.

Ако ми дадете неколку задачи наеднаш, немојте да ми кажувате која од нив има приоритет. Така ќе можам да си ги вежбам телепатските вештини.

Дајте сè од себе да ме задржите на работа што подолго. Обожавам да седам во канцеларија, а и онака немам каде да одам на друго место. Јас впрочем немам приватен живот.

Ако сте задоволни од тоа како работам, задржете го тоа за себе. Ако таа вест се прошири, можно е да добијам унапредување. Освен тоа, ако не го знам тој податок, постојано ќе се трудам да бидам што подобра, за да вие бидете задоволен.

ironicno-pismo-do-rabotodavecot-1

Ако пак, не сте задоволни од мојата работам, раскажете го тоа на сите. Обожавам кога моето име се спомнува во сите разговори, но мене не ми спомнувајте ништо за да не ми ги повредите чувствата.

Ако за некоја задача постојат посебни инструкции, немојте ни да ми ги кажувате, ни да ги напишете. Бар не до моментот кога задачата ќе биде завршена. Зошто би ме гњавеле со непотребни ситници?

Никогаш немојте да ме запознавате со луѓето со кои сме се нашле во исто друштво. Пуштете ги да мислат дека сум мал, досаден паразит.

А, кога во иднина ќе спомнете некој од тие луѓе, пуштете да ги искористам моите паранормални способности и да погодам за кого се работи.

Кон мене однесувајте се љубезно ИСКЛУЧИВО ако работам на задача од која ви зависи главата.

Зборувајте ми за своите мали проблеми. Никој друг нема такви и добро е да знам дека баш вас ве нападнале. Особено ме интересира колку главоболка ви прави данокот за вработените.

Почекајте да дојде крај на годината, па тогаш кажете ми кои ми се задачи и цели за изминатата година.

За покачување на плата не сакам да слушнам!

Јас не сум овде за пари!

ЈАС СУМ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ!!!

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Скопски газда им скратил по 500 денари од плата на вработените за да направи новогодишна забава Вработените отишле на забавата, гневни затоа што треба сами да платат за сѐ, со ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg