Зошто веќе еднаш не пораснете?!

Бебето кенка и се лигави, му растат првите заби, а другите две деца само што се степаа. Сопругот се јави и ми рече да ручаме без него, тој не може да стигне, бидејќи работи прекувремено да заработи, за да можеме да ги одгледуваме децата.

zoshto-vekje-ednash-ne-porasnete-1

Добро, признавам.... Ова е еден од оние денови кога гледајќи со умор во моето бебе, ми доаѓа на цел глас да вреснам: „Зошто не пораснеш веќе еднаш?! Сакам да сум раат... А, вие момци ајде излегувајте надвор и правете нешто корисно место да се тепате... и не је трескајте вратата!“

... Стојам во нивните соби уредни и чисти... ги нема налепниците и постерите од шкафчињата.. мириса на чисто и испрано... играчките стојат подредени на полиците. Велам: „Сега ви средив и сакам што подолго да остане така! Јасно?“ Потоа правам салата и вечера за петмина, но ја јадам сама.

Велам на цел глас: „Сакам додека разговарам на телефон да биде тишина! Нема танцување наоколу, нема скокање по креветите, нема расфрлање предмети. Саше, не го удирај брат ти... тебе ти велам. Може ли да добијам малку мир во сопствената куќа? Тишина!!!“

Разгледувам наоколу... Нема веќе ишкртани ѕидови, прободени чаршафи со шпагети, нема непреспани ноќи над вашите креветчиња додека горевте од температура, нема смешни букети од глуварчиња, нема повеќе чворосани врвки од патики...

Нема повеќе уништени кармини, нема најмување дадилки за да поминеме на мир една новогодишна ноќ... Алишта перам еднаш неделно наместо секој ден... Нема божиќни подароци под елката, нема веќе паста за заби истисната насекаде.

Нема повеќе: „Мамо дојди да те бакнам“, а јас гледам дека устето ти е цело извалкано од овесна кашичка и ти дозволувам да ме залепиш.

Нема повеќе раскажани бајки во темнината пред спиење, нема изгребани коленици и солзи.

Има само еден глас кој одекнува во мојата глава: „Зошто веќе еднаш не пораснете? Сакам раат!“

.... а празната соба и тишината ми одговараат: „Пораснавме...“

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg