15 правила за живот без каење

Животот е премногу краток за да го живеете неисполнети и незадоволни. За неколку децении, кога ќе погледнете наназад ќе сакате да ги промените работите на подобро, но тогаш нема да имате доволно енергија, ниту пак време.

15-pravila-za-zivot-bez-kaenje-01

Се прашувате како да живеете живот полн радост и сатисфакција?

1. Грижете се за своето тело. Секогаш имајте ја на ум потребата да се храните здраво, вежбајте и доволно спијте, за нивото на вашата енергија да биде толкаво колкаво што сакате.

2. Живејте го животот на својот начин, а не како што другите очекуваат.

3. Мислете со сопствената глава. Наметнатите ставови и мислења ви ги скратуваат сите можности за сами да донесувате заклучоци.

4. Преземете одговорност за својот живот. Престанете да ги крвите другите за грешките кои влијаеле на вашиот. Вие сте кројач на својата судбина, со помош на своите мисли и активности создавајте сопствени добра.

5. Учете од секое искуство. Секој ден може да научите по нешто ново. Што повеќе го отворите умот, толку повеќе ќе го стимулирате сопствениот развој.

6. Фокусирајте се на сегашноста. Запомнете дека постои само овде и сега. Минатото служи за да научите, а не да се врзувате за него и да не ја создадете иднината која ја посакува.

7. Ризикувајте. Имајте доволно храброст да се предизвикате самите себеси, истражете ги своите граници и напредувајте.

15-pravila-za-zivot-bez-kaenje-02

8. Правете го само она што ве усреќува. Животот е премногу краток да минувате време во ситуации и со луѓе кои не ве исполнуваат.

9. Бидете благодарни на она што го имате. Тежнеењето кон подобар живот често не тера да заборавиме колку малку е потребно за среќа. Ценете ги малите задоволства и промени кои ве опкружуваат.

10. Делете ја својата љубов, знаење и присуство. Давајте и ќе примите повеќе, повлечете се и ќе го изгубите и она што сте го имале. Дозволете сите да ја забележат вашата позитивна страна. Потрагата за вистинското јас никогаш не завршува. Не се откажувајте!

11. Простете си себе си и на другите. Доколку прифатите дека никој не е совршен, тоа ќе ви донесе ослободувачко чувство. Одгледувањето на илузии кои се далеку од реалноста е осудено на пропаст и разочарување.

12. Бидете активен учесник во својот живот, не набљудувач. Работете на својата среќа, таа никогаш не доаѓа сама.

13. Не се плашите од порази, бидете храбри, станете и пробајте уште 10 пати додека не успеете.

14. Секогаш пружете му помош на оној на кој му е потребна. Чувството кое се буди во вас додека помагате е непроценливо! Усреќете некој кога и да можете.

15. Не се плашете од промени. Животот има постојан тек и затоа потрудете се да го следите, наместо постојано да го бркате. Следете ги своите желби, само тие ја имаат моќта да ве одведат на правиот пат!

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg