Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


20 совети за среќа кои ги напишала мајката на смртна постела

Животот е непредвидлив и краток. Но, нè учи на многу работи. За жал, некогаш предоцна за да ги примениме поуките. Но, добро е да им ги пренесеме на оние кои се после нас. Така барем оставме трага по која ќе не помнат и спомнуваат.

 20-soveti-koi-gi-napisala-majkata-na-smrtna-postela-01

Мајка на четири деца, која водела тешка битка со ракот, на смртната постела напишала 20 совети за среќен живот: Сè што ќе направиш, ќе ти се врати, без исклучок; Грижата е само губење на енергијата;  Љубовта не боли, напротив, чувството е одлично...

Сопругот на Анмари Џејмс Томас ја опишал како жена со несовладлив дух, а за нејзиниот позитивен однос кон животот, наспроти тоа што умрела од рак на 44 години, најдобро зборува пораката што му ја оставила на своето семејство.

Во ова проштално писмо, напишано после двегодишна борба со болеста, откако сфатила дека не ѝ останало многу време, Анмари, која е сопруга и мајка на четири синови од 13 до 22 години, им напишала 20 совети за среќа:

1. Сè што ќе направиш, ќе ти се врати, без исклучок.

2. Сам си ја пишуваш судбината. Не дозволувај другите да го прават тоа место тебе.

3. Сè што некој направил во минатото нема никаква моќ над тебе, освен ако ти не дозволиш.

4. Кога луѓето ти покажуваат какви се навистина, верувај на тој впечаток.

5. Грижата е губење време и енергија. Подобро искористете ја за да направите нешто во врска со проблемот што го имате.

6. Она во што веруваш е помоќно од она што  го сонуваш или што го посакуваш. Секогаш ќе станеш она во што веруваш.

7. Ако единствена молитва која ја изговараш е најобично „Фала“, и тоа е доволно.

8. Среќата која ја чувствуваш е пропорционална со љубовта која ја даваш.

9. Својот неуспех, понекогаш искористи го за да тргнеш во друг правец.

10. Ако направиш избор кој е спротивен на оној што го прават другите, нема да се распадне светот поради тоа.

11. Верувај им на инстинктите. Интуицијата никогаш не лаже.

12. Сакај се себе и научи таа љубов да ја насочуваш и кон другите.

13. Во работата нека те води страста.

14. Љубовта не боли. Напротив, тоа е прекрасно чувство.

15. Секој ден е можност да се почне од почеток.

16. Сомнежот е сигнал за твоето НЕ. Ако се сомневаш, не брзај, размисли подобро.

17. Кога не знаеш што да направиш, биди трпелив и мирен. Одговорот сам ќе ти се јави.

18. Ништо лошо не трае вечно.

19. И ова ќе помине.

20. Биди секогаш верен на себеси.

Би можело да ве интересира:

„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg