Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Моќта на детските зборови и искрените вредности

Еден сопственик на мала продавничка, на вратата закачил натпис: „Кутриња на продажба!“ Тој натпис секојдневно мамел по најмалку 10тина дечиња.

mokta-na-detskite-zborovi-i-iskreni-vrednosti-01

Еден ден, мало момче дошло само до продавницата и го прашало: „Колку чинат кутрињата?“

Сопственикот му одговорил дека нивната цена се движи од 30 до 50 долари. Момчето ја брцнало раката во џеб и извадило 2,5 долари.

„Имам само волку, смеам ли да погледнам?“

Сопственикот се насмевнал и свирнал. Од куќичката дотрчала мајката и нејзините 5 кутриња, но едно заостанало зад нив.

Момчето веднаш го забележал кутрето кое останало во куќичката, па прашал: „Што е со тоа кутре?“

„Тој е поинаков од останатите. Се роди со маана, така што никогаш нема да може да трча како другите.“

„Баш тоа сакам да го купам!“ без размислување одлучило детенцето.

„Но... Тоа кутре има маана, не можеш да го купиш. Ако го сакаш баш него, ќе ти го подарам.“

Разочараното детенце се загледало длабоко во очите на продавачот: „Не сакам да ми го подарите. Сакам да го купам! Веднаш ќе ви дадам 2,5 долари и секој месец ќе ви носам по 50 центи додека не го отплатам.“

На тоа продавачот му одговорил: „Тоа кутре не чини ништо, затоа што не може да трча како сите останати...“

Детенцето го спуштило погледот и ја подигнало левата ногавица. Под неа имало протеза која веќе неколку години ја носел со мака: „Ни јас не можам да трчам и да скокам како сите деца и баш затоа сакам да го купам тоа кутре, кое само јас ќе можам да го разберам...“

Продавачот, со солзи во очите и грутка во грлото тивко му објаснил: „Ах, мило дете... Би сакал сите мои кутриња да добијат добри сопственици како што си ти!“

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Кога ќе ти се собере сѐ, кога душата те боли, а очите печат од плач - вресни гласно, најгласно! Човек си и знаеш дека ниту грам повеќе не можеш да поднесеш. Те притиска до болк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg