Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не судете предвреме, вистината може да ве изненади

Дваесет и четири годишно момче гледајќи низ прозорот од возот во кој се возелo, наеднаш извикалo: „Татооо, гледаааај, дрвото се враќа наназад“!

sekoj-ima-svoja-prikazna-01

Таткото радосно се насмеал гледајќи го својот син.

Спроти нив седел млад брачен пар и го гледале момчето од 24 години со тага и сожалување.

Наеднаш момчето повторно викнало: „Татооо, погледниии, облаците летаат со нааас“!

Брачниот пар не можел да издржи, а да не се обидат да го посоветуваат таткото. Се погледнале меѓусебно и девојката решила да му се обрати на таткото:

„Господине, зошто не го однесете вашиот син на некој добар доктор: Некој сигурно ќе може да му помогне“ - рекла најдобронамерно.

Тогаш таткото се насмеал и ѝ одговорил: „Токму тоа го направив. Ние баш сега се враќаме од болница. Мојот син, ова момче кое го гледате беше слепо од раѓање. Но, со помош на операција му се врати видот. Дури денес тој првпат во животот може да гледа. Сега може да ги види и дрвјата и облаците кои летаат.

Девојката се повлекла со насолзени очи, но овојпат од радост за позитивната приказна која таткото ја споделил со неа. Сигурно не ни претпоставувала дека е можен ваков одговор гледајќи од страна.

Секоја личност има своја единствена животна приказна. Затоа, не им судете на луѓето пред навистина да ги запознаете, бидејќи вистината може многу да ве изненади.

Би можело да ве интересира:

За сите мајки на синови.... ќе се прашувам дали те држев доволно долго Моментите со тебе ми летаат малечок. Без разлика колку и да се трудам да ги задр...
Најкратката мудра приказна за среќата (и тројцата браќа) Доколку овие денови ви недостига среќа, оваа приказна е патоказ како да ја прона...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Поучната приказна за Војдан и неговите родители е моќна порака за сите Родителите на Војдан секоја година за време на летниот распуст го носеле кај баб...
Поучна приказна која за 30 секунди ќе ве научи мудрост за цел живот Еден млад човек му се обратил на еден мудар старец со зборовите: „Толку си мудар...
„Ја сретнав првата љубов, пред некој ден, бремена“ „Ја сретнав првата љубов пред некој ден, бремена. Најубавата мајка која некогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg