Кога сè ви е добро, ставете си камче да ве боцка

Секој си прави планови, има желби и идеи како да ги оствари, но не секогаш успева во тоа. Колку пати ви се случило да ви потонат сите бродови, да имате лош период и баш ништо да не ви оди?

koga-se-vi-odi-kako-sto-treba-stavete-si-kamce-da-ve-bocka-01.jpg

Тоа речиси секому му се случува и сите се како навикнати. Тешко ви е, но не се чудите и донекаде сте очекувале дека е можно да дојде до таков период.

Обично, песимистите кога им се случува нешто лошо сметаат дека тоа ќе трае вечно, дека нема да помине, нема да се промени.

Оптимистите не веруваат дека тоа им се случува токму нив и се надеваат дека мора да има нешто добро во целата ситуација или дека наскоро ќе изгрее сонце после дождот.

Реалистите веќе ја имаат предвидено ситуацијата и знаат од претходно која е можната причина за лошиот резултат. Тие знаат и како да излезат од сето тоа.

Но, што е со периодите кога сè ви оди како подмачкано? Ви се случило тоа?

Секој ден сте здрави, среќни, насмеани. Заљубени сте и тоа ви е возвратено, имате многу пријатели со кои се дружите, го работите тоа што го сакате, добивате солидна плата.

Oдлично се согласувате со колегите, креативни сте и инспирирани, секојдневно ги остварувате обврските, супер сте организирани и имате време за сè.

Премногу идеално за да биде вистинито, ќе речете.

А зошто е нормално и возможно да не ви оди ништо, да сте скарани со сите, нервозни, тажни, разочарани и осамени и да немате волја да станете од креветот, без ниедна добра причина за живот?

Повеќето луѓе полесно веруваат дека лошите работи се дел од секојдневието, бидејќи реалниот живот не е бајка. Но, нели помислувате дека колку што сте заслужиле да ви се случи нешто лошо, исто толку можеби сте заслужиле да ви се случи и најдоброто?

Она што ви се случува најмногу зависи од вас. Вие размислувате, вие одлучувате и вие постапувате на еден или друг начин. Од вашите избори зависат последиците.

Главната мисла која секојпат се повторува е дека сè се случува со причина. Вашата паметна и добра одлука доведува и до добар резултат.

Од вас зависи како ќе го започнете денот, со насмевка или мрза.

Од вас зависи дали ќе ви пречат облаците цел ден или ќе си ја пуштите омилената музика и ќе го почувствувате сонцето и во канцеларија.

Од вас зависи во кого ќе се вљубите и дали ќе направите нешто за тоа да ви биде возвратено.

Од вас зависи дали ќе се борите за да го работите она што го сакате и ќе се потрудите да покажете дека сте најдобри или ќе седите дома и ќе плачете дека никој не доаѓа да ви заѕвони и да ви ја понуди работата од соништата.

Од вас зависи колку време ќе им посветите на пријателите или семејството и како ќе го организирате времето или постојано ќе трчате и ќе бидете хаотични.

Од вас зависи дали знаете да ја планирате платата, да заштедите или ќе ја потрошите во првите пет дена и ќе паднете во депресија до крајот на месецот.

Од вас зависи какво камче ќе си ставите во чевелот.

Дали кога ви се потонати сите бродови, ќе имате зрно надеж за да почнете од почеток или кога сè е одлично и совршено ќе си ставите камче кое ќе ве боцка и со кое ќе го одржувате балансот за да останете на земја.

Камчето е само потсетник дека секогаш има нешто што ви пречи и кое треба да се трудите да го подобрите.

Сето тоа е само за да не се задоволите со моменталната ситуација и да не престанувате да се трудите.

Во животот се потребни пречки и предизвици за да постигнете поголеми успеси.  А, тие зависат само од вас.

Секогаш верувајте и соочувајте се со она што ви се случува. Ставете си камче, остварете нова цел и заменете го со поголемо.

В.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg