Колку ти е големо срцето?

Да се бара одговор на наједноставните прашања секогаш е комплицирано. Повеќе од што чекаш. И си копаш така во себе, да најдеш збор – два, да си објасниш…

kolku-ti-e-golemo-srceto-01

Еден човек ме праша: „Сè е во ред со тебе?  Ама баш сè!?" Му одговорив потврдно, иако длабоко, некаде во мене знам дека не е така. Нормално, прашав од каде дојде муабетов… Па, ми вика, те читам, сè нешто за децата,  за радоста, за љубовта, како да го очекуваш крајот на светот, па, сега одеднаш сите треба  да станeме подобри. Се насмевнав и не реплицирав, крајот на светот можеби нема да го дочекаме, ама па не си го знаеме ни нашиот.

Ете, седам, навидум мирна, ми се чини околу мене владее совршен ред, а однатре копам, барам одговор. Пред неколку дена, цртајќи со едно другарче, кое има шест години, побара  од мене да му нацртам срце. Обично срце, две криви линии со црвен фломастер на парче белa хартија.

Го запрашав колку големо треба да биде тоа срце. Малиот се сврти кон мене, ме погледна со неговите проникливи очиња и ми кажа дека срцето треба да биде големо колку моето. И му нацртав срце, големо колку што може, на еден лист A4 формат.

Тој среќен, јас замислена. Колку навистина ми е големо срцето? И дали може да биде уште поголемо? Збунета, како да го полагам најтешкиот испит во животот.  Си споменав за сите оние кои заслужено ми го греат срцето кога е најстудено. Тоа се прекрасни луѓе.

kolku-ti-e-golemo-srceto-1

Секогаш знаат да ме ислушаат. Некогаш не знаат што да ми кажат или да ме посоветуваат, ама повеќе од доволно е што ме слушаат. Обично ми отвораат нови хоризонти и патокази, ама некогаш тврдоглаво одбивам да ги следам.

Не дека не ги сакам, ама дури и да погрешам сакам да е по мое. Ми текна и на оние луѓе кои брзо ми се пикнаа под кожа поради нивната енергија, насмевката која им е постојана, вниманието кое ми го подаруваат и чувството кое го споделуваме, како да се знаеме цел живот.

Има и такви кои си зедоа место, па се мачевме додека да го отстапат, некои оставија спомени, некои само  прашина. Од овие последниве, не сум сигурна дали баш мразам некој. Ме научија  да бидам строга кога треба и на тоа дека човекот секогаш може да те повреди повеќе од  животно. Си велам, колку се тие луѓе на броj?

И одеднаш, не е битна бројката. Битно е дека ги имам. Си ги чувам во срцето. Се смееме често, пиеме кафе, сонуваме за идеалите, дебатираме, заедно готвиме, се гушкаме. Некогаш молчиме. И тоа ни е сосем во ред.  

Некогаш ќе се подналутиме, ќе повишиме тон, ќе се расплачеме. Ама, пак се тоа моите луѓе. Оние кои не би ги менувала за ништо! Оти без нив и јас не би била цела! Моето срце е големо онолку колку што ми е потребно за да се радувам, да споделувам, да раскажувам!

kolku-ti-e-golemo-srceto-2

А Вашето?

Автор: Маја Кузмановска

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg