25 совети кои ќе ви го направат животот поубав

Многумина мислат дека луѓето се делат на оние кои живеат во мед и млеко и на оние кои не се такви среќници.

25-recenici-koi-ke-vi-go-napravat-zivotot-poubav-01.jpg

Кога разговарате со некој кој е добро ситуиран, сфаќате дека парите не се сè во животот - треба да знаете да живеете и уживате. Ретки се оние кои немаат ниту еден проблем на памет.

Постојат и такви кои живеат за ситници, за мирисот на морето и чувството на песок помеѓу прстите, а тој евтин одмор значи многу повеќе од луксузниот апартман на Хаваи.

Ако се прашувате зошто, можеби тогаш следува најдобриот одговор: „тоа е животот“ и не е важно каде се живее и летува, туку со кој.

Ова е само една од работите кои ги разбрав до сега, а останатите 25 и вас ќе ве натераат да живеете со полни гради, секој ден.

1. Ризикувај додека си млад. Колку што си постар, толку е потешко да ги гледаш работите непромислено. Затоа, уживај во секој момент и искористи ја секоја шанса, колку чудна и да звучи.

2. Учи додека си жив. Дури и кога ќе завршиш факултет. Што повеќе знаеш, тоа повеќе вредиш.

3. Кога ќе згрешиш, не го губи времето на каење. Секој може да има лош ден, лош момент и лоша одлука. Очајувањето е за губитници.

4. Сонувај големи нешта. Животот е краток за да бидеш приземен, па не вреди да се задоволуваш со ситници.

5. Во музиката е спасот! Песната е најевтиниот антистрес третман. Одличен лек за сите животни проблеми.

6. Пиј пиво додека можеш, а ако не си фан на пиво, избери го омилениот пијалак и уживај во убавините на животот.

7. Биди друштвен. Не пронаоѓај изговори.

25-recenici-koi-ke-vi-go-napravat-zivotot-poubav-02.jpg

8. Започни свој бизнис што побрзо. Колку и малечка да е работата, важно е да ја почнеш.

9. Не се фали се со своите успеси. Не им давај шанса на другите да се фалат со твоите неуспеси.

10. Запознавај нови луѓе. Со текот на времето, ќе разбереш зошто.

11. Кога животот ќе ти даде лимон, исцеди лимонада. Биди оптимист!

12. Успехот не води кон среќата. Мора да бидеш среќен за да успееш во нешто.

13. Многу луѓе не започнуваат нешто ново, затоа што се плашат. Биди еден од похрабрите и стапни онаму каде што никој не пробал.

14. Секогаш биди во друштво на попаметни луѓе. Ако ти си најпаметниот во собата - тогаш нешто не е во ред.

15. Само оние кои се со тебе кога се бориш заслужуваат да бидат со тебе додека славиш.

16. Бирај ги битките внимателно. Бори се само за она што вреди.

17. Вложувај во себе. Уплати часови за учење нов јазик, нов вид јога, нов спорт. Купи книга... или многу книги.

18. Вистинските пријатели се тука во секој момент. А, ако не се - тогаш знаеш што значи тоа.

19. Живеј по својот сон, но не сонувај дека ќе го промениш светот.

20. Работата од соништата не постои. Мораш сам да ја создадеш.

25-recenici-koi-ke-vi-go-napravat-zivotot-poubav-03.jpg

21. Патувај! Секој денар кој го имаш потроши го за да го разгледаш светот.

22. „Ти благодарам“ е магично зборче. Користи го почесто.

23. Секое „зошто“ има свое „затоа“ како што секоја причина има своја последица. Соочи се со тоа.

24. Ништо не е конечно и запишано. Можеш да ја промениш иднината само ако веруваш.

25. Животот не е лесен, но ако имате со кој да го живеете - станува неописливо интересен.

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg