Утро потоа: Алкохолот и мракот прават чуда

Како во филм. Пресреќни што можете да се пофалите дека ви фрлил око токму вас, а сите другарки го гледаат. Не можете да поверувате дека само вас ве забележа.

utro-potoa-alkoholot-i-mrakot-pravat-cuda-02.jpg

Стигнавте дома, немавте време ниту светло да запалите, акцијата започна. Не е лошо за прв пат. Не се изнауживавте, но беше страсно. И покрај тоа што одма потоа заспа, ништо страшно. Се напи, беше доцна, а и вие успеавте да се смирите и да заспиете гледајќи ги неговите развиени раменици.

Таман се разбудивте и гледате како забрзано ги навлекува фармерките и збунето се врти низ собата. Ве праша каде му се патиките, рече дека страшно многу брза и делува како да му е непријатно.

На вратата малку се замисли, но, сепак се заврти и ве бакна. Чао, се гледаме.

Нешто не е како што треба, јасно ви е. Но премногу сте возбудени за да размислувате за тоа. Ве чека телефонирање на пријателките и анализирање на деталите.

И не ви е јасно зошто сите беа толку резервирани и не делуваа како да се радуваат за вас. Ви поставија многу чудни прашања. Дали утрово ја повторивте акцијата, испивте ли кафе, дали беше многу пијан минатата вечер? Зошто ви ја расипуваат среќата? Љубоморни се, очигледно!

Па што ако утрото немаше ништо, се брзаше. Не стигна ни кафето да си го испие, па сосема нормално е што заборави да ви побара број. Покрај другото, ќе го видите вечер, секогаш излегува на исто место.

Па што ако беше напиен? И вие бевте. И сексот беше онака забрзан, во мрак. Но, спиевте заедно. Се гушкавте во сон. Добро, тој ви го сврти грбот, па вие го гушкавте. Но, сладок е. И ќе биде подобро следен пат.

Со срце ја дочекавте вечерта и излегувањето во кафулето каде секој ден се среќавате. Вие со некоја другарка, тој пак, постојано е таму додека друштвото околу него се менува.

Секогаш е динамично и интересно во негово друштво. И немате идеја како останавте единствена девојка во кафулето, но тогаш стана забавно. Со глава во облаците, брзавте, и очигледно претерано избрзавте.

Овојпат другарката беше тука, но не можеше долго да остане. Останатите се појавуваа и си одеа. Но, тој не се појави.

Поминаа неколку дена. Цела недела. Исто сценарио, а вие сè повеќе потиштени. Им се обраќате на другарките. И сега добивате малку повеќе информации и малку подобро сфаќате зошто беа толку резервирани.

Слушате реченици кои ве повредуваат, тој е површен, тој не е за тебе, па дури и такви дека истото и се случило на вашата другарка. Со него. И другарката на вашата другарка. Додека не разберете дека тој има обичај да ја собере која било девојка кога малку повеќе ќе се напие. И дека на ниту една потоа да не ѝ се јави.

Ви станува јасно, ве собра, односно ви дозволи да го соберете, затоа што вие бевте единствената девојка во друштвото. А, може не ни знае како се викате. И да, очигледно сега избегнува да ве сретне.

Понижувачки. Но, и тоа го преживеавте. А подоцна слушнавте уште неколку информативни реченици, поврзани со тоа како алкохолот и мракот прават чуда.

На крај, разбравте - горчливите лекции се најдобри лекции. Научете ги на памет, засекогаш.

utro-potoa-alkoholot-i-mrakot-pravat-cuda-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg