Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


30 работи што не треба да ги правите по 30-тата година

Периодот на тинејџерските години и дваесеттите се едни од најзабавните и најоткачените периоди на растење. Забавата ви е пред сè, но како одминуваат годините, така се менуваат работите кои ви доликуваат да ги правите и кои не.

30-raboti-sto-ne-treba-da-gi-pravite-po-30-tata-godina-2

Штом сте на прагот на 30-тата веќе треба да подзаборавите на овие работи:

1. Престанете да чекате родителите да направат нешто наместо вас.

2. Нема потреба да чувствувате страв од непознати луѓе. Соочете се со секој.

3. Не експериментирајте со незаштитен секс, особено ако не сакате неочекувана бременост.

4. Не ги озборувајте пријателите. Не треба да се дружите ако има нешто што ви пречи, а не им го кажувате во лице.

5. Смешно звучи кога користите жаргонски речник како тинејџери.

6. Трошењето како утре да не постои ве прави неодговорна личност.

7. Спиењето до пладне, губењето на денот и непродуктивноста оставете ги во студентските денови.

8. Заборавање на домот и заменување на времето за семејството со забава кај пријателите не е правилен избор.

9. Не помислувајте да ги обвинувате другите за нешто што е ваша вина. Мора да ја преземете одговорноста.

10. Ослободете се од негативните луѓе во вашата околина. Мора да имате здрав круг на пријатели.

30-raboti-sto-ne-treba-da-gi-pravite-po-30-tata-godina-01

11. Престанете да се грижите за мислењето на другите.

12. Не раскажувајте планови, туку почнете да ги остварувате.

13. Не си дозволувајте да живеете во хаос и неред.

14. Не бегајте од комплименти, научете да ги прифаќате.

15. Престанете да го потценувате вашето тело. Едно е и ваше е, научете да си го сакате.

16. Не ги кријте интересите кои ги имате, какви и да се. Треба да знаете што сакате.

17. Фанатично обожавање на познатите. Оставете им го тоа на тинејџерите. Сосема доволно е да ги почитувате.

18. Не правете работи што не ги сакате. Имајте јасни цели.

19. Не го трауматизирајте телото со брзи диети.

20. Нека не ве мрзи да го фрлате редовно ѓубрето, а не само пред да дојдат гости.

30-raboti-sto-ne-treba-da-gi-pravite-po-30-tata-godina-1.jpg

21. Престанете со трошење многу пари на алкохол и јадење од сендвичари.

22. Не измислувајте изговори за да не вежбате.

23. Не објавувајте фотографии од пијаната забава на Фејсбук.

24. Позајмување пари од родителите? Заборавете.

25. Не ја заборавајте ратата од кредитот кој веќе го потрошивте, колку и да не ви се даваат парите.

26. Купување нова долна облека за да не ја перете старата.

27. Не ја префрлајте вашата работа на некој друг, преземете одговорност.

28. Не пишувајте пораки додека возите. Треба да сте свесни за опасноста.

29. Не ги прекршувајте ветувањата заради вашата расеаност.

30. Не се опијанувајте секој втор викенд. Мамурлакот станува сè потежок.

30-raboti-sto-ne-treba-da-gi-pravite-po-30-tata-godina-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Лошите луѓе на секого ќе му најдат мана Сите ние самите имаме способност да одлучиме како ќе се чувствуваме секој ден, н...
Вашата „здодевна“ жена некому би му била секси љубовница „Вашата секси љубовница можеби е нечија здодевна жена, а вашата здодевна жена не...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Најкратката мудра приказна за среќата (и тројцата браќа) Доколку овие денови ви недостига среќа, оваа приказна е патоказ како да ја прона...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg