Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


20 причини зошто веднаш да им кажете на пријателите колку многу ги сакате

Пријателите се најголемото богатство кое човек може да го има, покрај љубовта и семејството. Особено оние вистинските и искрените кои се многу ретки, ако ги имате повеќе од еден, тогаш сте навистина големи среќници.

20-pricini-uste-ednas-da-im-kazete-na-prijatelite-zosto-gi-sakate-01.jpg

Сите ситуации во кои сте се нашле со нив ви даваат доволно причини за да им бидете благодарни и да им кажете уште еднаш зошто ги сакате!

1. Затоа што секогаш знаат да се справат со вашите глупости.

2. Затоа што ве сакаат безусловно, дури и кога не заслужувате.

3. Затоа што тие се оние кои ќе бидат брутално искрени со вас, но ќе ги сакате без разлика на тоа колку ќе ве боли вистината.

4. Затоа што со нив може да седите и во тишина, а да не ви е здодевно.

5. Затоа што тие се тука за вас секогаш кога сакате да излезете, а немате со кого.

20-pricini-zosto-vednas-da-im-kazete-na-prijatelite-kolku-mnogu-gi-sakate-5.jpg

6. Затоа што никогаш не може да ви фалат теми за разговор.

7. Затоа што секогаш ве потсетуваат и поддржуваат најдоброто во вас.

8. Затоа што ги поддржуваат вашите соништа и искрено веруваат дека ќе ги остварите.

9. Затоа што иако знаете дека не сакаат секогаш да ги знаат сите детали од вашиот состанок, сепак трпеливо ве слушаат.

10. Затоа што се јавуваат кај вашите родители кога се загрижени за вас. Иако се лутите, после тоа сте им благодарни.

20-pricini-zosto-vednas-da-im-kazete-na-prijatelite-kolku-mnogu-gi-sakate-3.jpg

11. Затоа што можете да им кажете буквално сè.

12. Затоа што ако само еден ден не се слушнете или видите ви се чини како да ви недостига дел од вас.

13. Затоа што тие ве сакаат најискрено, без осуди и без љубомора.

14. Затоа што тие знаат некои од оние ваши шеги со кои во секој момент може да ви извлечат насмевка.

15. Затоа што тие не ви пререкуваат кога не сте дотерани, исчешлани или цел ден во пижами.

20-pricini-zosto-vednas-da-im-kazete-na-prijatelite-kolku-mnogu-gi-sakate-4.jpg

16. Затоа што тие ве гледаат и во најлошо издание, но сепак остануваат покрај вас.

17. Затоа што кога се карате може да бидете најлоши и најлути, но сè средувате за кратко.

18. Затоа што колку и да не им се допаѓаат вашите партнери/ки, секогаш ги прифаќаат како ваш избор.

19. Затоа што нивното најлошо влијание врз вас, може да биде и најдоброто и најзабавното нешто што ви се случило.

20. Затоа што не можете да сфатите како сте имале толку голема среќа да ги запознаете и затоа што не можете да си го замислите животот без нив.

Би можело да ве интересира:

Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Во автобус од Скопје до Милано патував со жена на која сè ѝ пречеше и само се бунеше - Зошто не е уб... На почеток да појаснам која е „Славица“ (ако не знаете) - тоа е секоја жена на к...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg