Писмо: Мајката му пишува на синот

Отворена е нова секција „Евергрини“ во која ќе бидат објавувани постари смешни вести кои нема да престанат да бидат интересни.

majkata-mu-pisuva-na-sinot-001.jpg

Започнуваме со едно писмо...

Драг Синко,

Ти го пишувам ова писмо за да знаеш дека ти пишувам, зошто ако го
добиеш значи дека стигнало. Ако не го добиеш јави ми, ќе ти го
пратам повторно. Ќе пишувам полека, знам дека споро читаш.

Пред некој ден татко ти прочита во весник дека по најнови статистички
податоци повеќето сообраќајки се случуваат на далечина од 1км од
куќата, па затоа ние се преселивме малку подалеку.

Куќата е преубава, имаме дури и машина за перење, само не знам дали
работи. Вчера ставив некои алишта да се перат, ја повлеков рачката
за вода и алиштата ги снема. Тука времето и не е така лошо. Прошлата
недела само два пати врнеше. Првиот пат траеше 3 дена, а следниот пат 4.

Во врска со јакната што ја бараше, вујко ти Перо ми рече дека ако ги
извадиме копчињата, пошто многу тежат, ќе не фати поефтино
пратката во пошта. Јас затоа ги отпарав копчињата и ти ги ставив во џеб.

Конечно го погребавме и дедо ти. Го најдовме телото во вторникот, кога
ја чистевме куќата. Беше во орманот од оној ден кога игравме жмурки
и кога он победи. Пред неколку дена ни експлодира плинската боца во
кујна. Татко ти и мене, експлозијата не исфрли надвор кроз прозор. Какво
убаво чувство беше тоа! После толку години, татко ти и јас, конечно
излеговме заедно.

Бидејки веќе го спомнувам татко ти, он најде нова работа!
Многу се гордее. Има под себе околу 500 души...
се запосли на градски гробишта, го коси травњакот.

Сестра ти Милева, знеш онаа што се омажи, конечно се породи!
Не знаеме кој пол е, па затоа не можам со сигурност да ти кажам
дали си станал тетка или вујко...Сестра ти рече, дека ако биде
женско ќе ја вика по мене. Малку ми е чудно што нејзината ќерка
ќе ја вика "мама", ама ете желба и е.

А брат ти Радојче, он е стварно за никаде. Замисли, ја затвори вратата
од колата, а клучевите беа внатре. Мораше да се врати во станот да го
земе дупликат клучот за да не извлече од колата. Катастрофа !!!

Добро синко, нема да ти ја напишам адресата пошто незнам која е.
Семејството што живееше пред нас тука, си го земаа куќниот број од
зидот со нив. Ако ја видиш Светлана, Поздрави ја, а ако не ја видиш,
не и кажувај ништо.

Те сака Мама,
Станислава.

П.С. Сакав да ти пратам и нешто пари, ама веќе го затворив пликот.

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg