Интересни изреки

Знаеме дека ги сакате бидејќи секогаш се меѓу најчитаните вести на CRNOBELO.com.

interesni-izreki-001.jpg

Затоа еве уште неколку интересни изреки. Секогаш може да додадете уште некоја ваша.

  • Демократија е кога можеш да кажеш што сакаш, а да правиш што ќе ти РЕЧАТ!
  • Пролетери од сите земји, ИЗВИНЕТЕ! - Ваш Карл Маркс
  • Љубовта е слепа, па затоа е толку изострено сетилото за ДОПИР!
  • Бакнежот е молба која што се доставува на вториот спрат, за да се види дали е слободен ВЛЕЗОТ на првиот кат!
  • Ја сакам работата која го СОЗДАВА човекот!
  • Мажите се како кибрит... Кога ќе се запалат, ја ГУБАТ главата!
  • Ако мажот улови сом, тоа се нарекува риболов... Ако жената улови сом, тоа прераснува во БРАК!
  • Зошто е непотребно да се изложувате на мамурлук? ...ОСТАНЕТЕ си пијани!
  • Точно е дека алкохолот ни го скратува животот, ама барем видовме ДУПЛО повеќе од останатите!
  • Човекот е нашето најголемо БОГАТСТВО... рече човекојадецот!
  • Кога те нема овде до мене, не ми се СИТЕ овци на број!
  • Ми кажа како се вика, па сега барем знам НА ШТО сум!
  • Мувите се најдобри новинари... Одма чувствуваат ако некаде ЗАСМРДИ!
  • Во нашето племе нема човекојадци... Вчера го ИЗЕДОВМЕ последниот!
  • Мажите сакаат да имаат жени кои што ќе ВЕРУВААТ дека тие мора секоја недела да одат на службен пат... Жените сакаат да имаат мажи кои што НАВИСТИНА секоја недела ќе одат на службен пат!
  • Девојката станува жена кога длабоко во себе ќе почувствува ЦВРСТА причина за такво нешто!
  • Демократија е кога секој има ПРАВО да го каже тоа што јас го мислам!
  • Брак е она што доаѓа ПОСЛЕ животот, а ПРЕД смртта!
  • Ако не можете да живеете еден без друг, венчајте се... ТОГАШ ќе можете!
  • Кога жените ќе облечат мини здолниште, мажите од срам го СПУШТААТ погледот!
  • За човековата СРЕДИНА најмногу се грижат жените!

Би можело да ве интересира:

„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg