20 кратки вистини со кои животот е поедноставен

Секоја длабока мисла во основа е многу едноставна. Но, некои од нас, несвесно или можеби со намера, ги комплицираат сопствените животи само за да изгледаат подобро во туѓите очи.

ako-nekoj-vi-nedostasuva-povikajte-go-ako-nekoj-vi-se-dopagja-kazete-mu-i-ushte-nekolku-ednostavni-zivotni-vistini-01.jpg

Не се обидувајте да бидете престроги со себе и не се обидувајте да ги комплицирате работите, убавината на животот е во едноставноста.

Ако ви се плаче, плачете. Ако сакате да се смеете, слободно смејте се. Не се обидувајте да се контролирате и да бидете нешто што не сте.

Уште неколку едноставни животни вистини:

1. Ако сакате да бидете слушнати, треба да зборувате.

2. Ако сакате да разберете, треба да поставувате прашања.

3. Светот околу тебе, не е ниту добар, ниту лош, туку онаков каков што е.

4. Не бидете главоболка за другите.

5. Проблемите ви се само во главата.

6. Ако сакате нешто, побарајте го.

7. Избегнувајте „будали“.

8. Обидете се да не се расправате.

9. Ако сте виновни, признајте и престанете да барате изговори.

10. Секој си има свое мислење и може да се разликува од вашето. Прифатете го.

11. Најдете нешто добро во сè што се случува околу вас.

12. Ако некој ви недостасува, повикајте го.

13. Ако некој ви се допаѓа, кажете му.

14. Не му должите нешто на никого.

15. Минатото е историја. Иднината е мистерија. Живејте во сегашноста.

16. Единствената личност на кој вистински можете да се потпрете сте самите вие.

17. Држете се на страна од политики, не ви носат ништо добро.

18. Не верувајте на ветувања, верувајте на вашите чувства.

19. Најголемиот подарок кој можете да го добиете е љубовта. Ништо друго не е важно.

20. Денес е најдобриот ден од вашиот живот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брат, кај мене во фирма во Скопје е таква „калакурница“, а и „најмајкичката“ ете ја спие со колега Брат, не сум ти јас ангел, ниту проповедник ама кога решив да се женам, си расчи...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Виктор Апостоловски за CRNOBELO лексикон: „Сопругата ми е најдобра другарка веќе 6 години“ „Па ти во живо си бил како нас, јас те замислував како 2 и пол метра маж, лепота...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава