Виктор Апостоловски за CRNOBELO лексикон: „Сопругата ми е најдобра другарка веќе 6 години“
- Детали
- петок, 04 јули 2025
„Па ти во живо си бил како нас, јас те замислував како 2 и пол метра маж, лепотан - е најсмешниот комплимент што сум го добил“ - напиша пејачот Виктор Апостоловски во нашиот лексикон.

Бил одличен ученик, но омилен „предмет“ му бил големиот одмор.
За себе вели и дека бил од оние генерации кои немале омилени детски игри - ќе играл сè, само за да не се прибирал дома.
Желба му е неговата родна Битола да има аеродром, а жали што во времето кога растел немало Јутјуб и Тикток.
Што друго напиша Виктор Апостоловски во лексиконот на CRNOBELO.com?
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Виктор Апостоловски, еден од малкуте битолчани без прекар.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
12.02.1991 - 24 (10 на банка) - Водолија (дупла).
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Следната што ќе ја извадам. Јас и жена ми!

4. А омилена книга?
Сувата крпа на дното од морето!
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Никогаш сум немал омилени работи, реално.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Ко дете навивав за Лејкерс, фудбал - Барса.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам омилениче шо ми се вика Милена.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добил на Инстаграм?
Ууууу многу ги има… неверојатно е колку чудни луѓе постојат.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Виктор Апостоловски, ха, ха.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Сок газиран црн, без шеќер! Скара!
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Жена ми! Еве веќе шеста година!
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Верувале или не – со сите петки! Омилен предмет – голем одмор!

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Имаше еден тука, абе не го познаваш, џабе ќе ти кажвам.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Џоку (Goku).
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Сите! Јас сум од тие генерации што ќе играа сè само да не се приберат дома!

