Виктор Апостоловски за CRNOBELO лексикон: „Сопругата ми е најдобра другарка веќе 6 години“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Охооо… тоа е веќе тешко прашање.
17. Дали некогаш си се степал?
Несакајќи! Секогаш сум бил против насилство, арно ама, некогаш си приморан да се браниш!
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Ја заклучвам колата едно 200 пати!

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Ич не би се враќал, би летнал напред во времето, да видам шо е следно, за да го направам прв!
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Аеродром во Битола!
21. Од што се плашиш?
Од Виктор Апостоловски, ха, ха.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Нити знам, нити памтам!
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Доста време ерген одев!
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Гитарата! Дефинитивно!

25. Кое е најубавото место на светот?
Дома!
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
„Па ти во живо си бил како нас, јас те замислував како 2 и пол метра маж, лепотан!“
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Што немаше Јутјуб и Тикток ко бев дете!

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Хммм… шубо!
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Од сè!
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Виктор: Шо прајш? Арен ми си?
CRNOBELO.com: Сполај ти, не е лошо. Ти арен?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
