Како детските родендени ја изгубија смислата и се претворија во досаден хорор?

Детска игротека. 30 дечиња и 50 возрасни луѓе. Се слави роденден, поканета сум, но не можам да го најдам славеникот. 

Kako-detskite-rodendeni-ja-izgubija-smislata-i-se-pretvorija-vo-dosaden-horor-01_copy.jpg

Конечно го здогледувам, во прегратките на мајка му и не сака да се отпушти од неа, залепени како со моментален лепак, бидејќи биле многу поврзани.

Не сака да се гушне ниту да се поздрави со никој друг. Не бил расположен. Не му бил денот.

А, денес му е роденденот.

Во меѓувреме, околу нас се случува вистинска џунгла. Останатите дечиња трчаат, викаат и урлаат како пуштени од синџир. Единствената комуникација меѓу нив  е кога се расправаат кој да земе одредена играчка.

Инаку, секое си се занимава самото како знае и умее, си седнало во одреден агол со одбраните играчки, им зборува и си игра, наместо да се дружи со другите деца.

Забележувате ли колку ви се тажни, осамени и асоцијални дечињата? Или замижувате пред вистината, и иако ја убедувате околината како детето е целиот ваш свет, сепак не ја оправдувате изјавата со своето однесување.

Живееме во ера во која многу работи ја изгубија својата смисла, а детските родендени се една од нив.

Потсетете се – колку дечиња каневте вие на својот роденден? Сигурно не сите 30 од градинка или одделение, бидејќи е невозможно да другарувате апсолутно со сите деца.

Родендените порано имаа дух, некоја топлина. Имаа смисла и многу забава. Моментот на отварање на подароците, моментот на дување свеќички и пеење песнички за среќен роденден.

Беа скромни, со домашни торти, со смешни подароци како моливчиња и миризливи гуми, тетратки и смоки. Немаше некои посебни украси или декорации, имаше љубов и желба за игра.

Знаеш каде си бил на роденден и знаеш точно кој ти дошол на роденден.

Сега се гледа само на часовникот да не се надмине времето во изнајмената игротека.

Сè е изнасилено, бесмислено и толку проклето досадно.

Родендените станаа фарса, со налицкана фасада која во принцип мувлосува.

Се прават наголемо, многу деца, уште толку возрасни, а сите скиснуваат од досада.

Важно е тортата да е скапа, детето да е облечено скапо, родителите подеднакво скапо дотерани, додека празноглаво се смешкаат со наместена насмевка и трепкаат, немајќи ниту најмала идеја како да ги забавуваат децата, гостите, а најмногу како вистински да го усреќат сопственото дете.

Подароците што се трупаат се скапи, кловновите што безуспешно ги анимираат децата се скапи, фотографот е исто така скапо платен.

Само атмосферата е евтина, а емоциите лажни.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg