Лето, врати се! Сè ти е простено!

leto-vrati-se-se-ti-e-prosteno-001.jpg

Додека ги навлекувам дебелите чорапи на нозе, го наметнувам палтото над дебелиот џемпер и со неверување гледам низ прозор, низ глава ми прелетуваат оние моменти кога те пцуев затоа што во автобусот нема клима, зошто морам да се потам по пластичните седишта, зошто чекам во пошта на +50 наместо да сум на плажа со коктел...

Си велам, будала, сигурно се налути затоа што не те ценев доволно.

Се сеќавам и на она кога те мразев затоа што изгорев, па два дена се мачкав со секакви јогурти и бегав од било каков сончев зрак.

Се сеќавам како кукав за малку освежување додека стоев пред климата замотана во бел мокар пешкир.

Се сеќавам и дека ја галев климата која дуваше на 18 степени, само за побрзо да ми го олади станот.

И мрморев што сладоледот ми се топи многу побрзо отколку што можам да го изедам.

Се сеќавам како сакав дожд додека барав слободно парче ладовина под градските тенди.

Се сеќавам и како се не те нарекував... пекол, отров жешко, неподносливо.

Ох, лудост.

Врати се лето! Прости ми, затоа што јас сè ти простив!

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„И по 27 години ми одѕвонува во глава пеењето на Тоше на нашата прва средба - се сеќавам на секој де... Од денешен аспект, сфаќам дека таа сабота, 6 март 1999 година, за мене е „голема...
Приколките на езеро Треска ни беа дом - Зошто сум носталгична по најубавото лето и по 30 години? Се сеќавам, 1993 година, лежевме на оние „удолниците“ околу езерото и гледавме к...
Вчера се вратив во Скопје - Зошто засекогаш ќе останам турист кој „трча“ за да искуси сè од дестинац... Не сум јас човек кој некогаш би си кажал: „Леле, што убаво се наспав и одморив н...
Некогаш праќавме разгледници, денес фотки на Вибер - 7 илустрации колку се смени летувањето низ годи... Порано можевме целосно да се исклучиме од работа кога одевме на одмор... Но, ден...
Носталгија: Насловни страници од ИКЕА каталозите низ годините – колку се променија трендовите за уре... Од традиционалниот винтиџ стил со дрво во 50-тите години, до топлото уредување в...
10 докази дека вековите минуваат, а проблемите на луѓето остануваат исти (низ илустрации) Родителите и понатаму мачат исти маки со децата, жените секогаш се жалат дека не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg