Некогаш праќавме разгледници, денес фотки на Вибер - 7 илустрации колку се смени летувањето низ годините
Порано можевме целосно да се исклучиме од работа кога одевме на одмор... Но, денес тоа како да не е возможно. Колку се сменија летувањата од пред неколку години до денес?

Се сеќавате ли на времето кога одењето на летување значеше да стигнете на дестинацијата што сте ја избрале, па таму, на лице место да си најдете соба?
Денес, скоро и да не постои некој што чека туристите да му дојдат на врата, ниту пак туристи кои тргнуваат на летување ако однапред немаат обезбедено сместување, без оглед дали е ппреку туристичка агенција или онлајн сајт за резервирање соба/стан/куќа...
Времињата се многу поинакви од пред 10 години до денес (за пред 25 години не треба ни да правиме муабет), а тоа донесе промени и во начинот на летување.
Колку се сменија летувањата низ годините?
Разгледниците испратени од одмор веќе не се релевантни. Сега можеме да испраќаме фотографии до најблиските во кој било момент од нашето патување, со само еден клик на интернет.

Денешните деца и кога патуваат, тешко е да се одвојат од своите телефони.

Но, иста е приказната и со многу возрасни патници. И тие често не сакаат да изгубат никаква удобност на своите патувања.

Се чини дека порано можевме целосно да се исклучиме од работата на одмор.

Порано само се појавувавме на плажа и баравме место за да поставиме пешкирите. Денес, некои туристи се будат и пред изгрејсонце за да најдат празна лежалка во хотел, или да зафатат место на плажа со пешкири пред другите.

Сегашните прописи за дозволен багаж (во димензии и тежина) кога летате со авион се многу различни од оние од пред неколку децении.

Ако романсата за време на одмор порано знаеше да ве заинтригира, денес е доволно да го најдете шармантниот странец на социјалните мрежи и да дознаете многу работи за него.

А. Ј. | Црнобело
