Ве заплашуваат со етикети како стара мома и родилка, но не се мажете по секоја цена

Драги убави девојки, вие сте прекрасни. Да го разграничиме тоа на самиот почеток, прекрасни сте, вредни и сакани. Никогаш не го заборавајте тоа и секој кој ќе ви го каже спротивното е лажго.

ve-zaplasuvaat-so-etiketi-kako-stara-moma-i-rodilka-no-ne-se-mazete-po-sekoja-cena-001.jpg

Се движите некаде во доцните 20-ти или раните 30-ти години од вашиот живот. Умни сте, успешни и самите заработувате за живот.

А, сепак ве гледаат некако чудно, со притаен кисел поглед под окото. На секоја роднинска собиранка, на секоја седенка со друштвото од средно училиште. Секогаш се поставуваат истите прашања, а погледот неминовно запира на претпоследниот прст од раката. Зошто е празен?

Каде ти е прстенот драга девојко? Зарем не мислиш дека треба да се мажиш? А, деца кога планираш да раѓаш? Ти мислиш дека се подмладуваш, кога всушност самата се осудуваш на пропаст. Биолошкиот часовник отчукува, а ти ми тераш некаква си кариера и правиш планови следното лето да патуваш во Барселона.

Воозбили се девојко, не летај со паметот. Зошто си себична, зарем не сакаш маж и деца?

Нема апсолутно ништо лошо во бракот. Напротив, бракот е прекрасен, особено кога си со вистинската личност во врска. Со добриот партнер ќе ги надминеш сите препреки. Ќе добиеш сила да поместиш планини, ќе почнеш да веруваш во чуда. А, дечињата се само уште еден прекрасен производ од таквиот топол убав однос, тие се круна на љубовта.

Но, што кога љубовта доцни? Што кога немаш среќа да пронајдеш некој совршено несовршен заради кого ќе почнеш да веруваш во чуда?

Вреди ли да се самозалажуваш себеси и да го трошиш времето со кого било, само за да не бидеш сама?

Вреди ли да легнуваш навечер со мислата дека оваа личност не е за тебе, едноставно не е вистинската, но сепак е подобро отколку да се појавиш сама на свадбата кај братучетка ти?

Бори се женски, собери смелост и храброст да се спротивставиш на сите загрижени погледи, да возвратиш на сите подли и злобни коментари.

Луѓето вообичаено се плашат од нејасни и непознати работи, а ти си им загатка. Како една образована, способна млада жена е сама? Сакаат да те решат, сакаат да те сместат во истиот шаблон кој веќе го поминале. Сакаат да си иста како нив, за да не ги збунуваш.

На секој можен начин ќе се обидат да те разубедат дека времето тече, дека младоста е неповратна, дека тој што премногу мисли на крајот ќе си остане сам.

Ќе се обидат да те убедат дека љубовта и не е најважна, дека е преценета, дека по некое време испарува како облаче парфем. Дека други работи се поважни, да не останеш сама, со време да стапиш во брак и да основаш семејство.

Ќе те заплашат со секакви лоши етикети, како „стара мома“, „стара родилка“, „јалова“, „себична“.

Не верувај во лагите. Љубовта не е преценета, напротив, ја потценуваат. Љубовта е вредна и вреди да се чека за неа. Смело и со насмевка издржи го секој поглед и секој осудувачки збор кој се обидува да ти го погази достинството и да те понижи.

Затоа што си вредна. Затоа што си доволно паметна и се цениш себеси. Затоа што не се продаваш за половна, туку за вистинска автентична целосна среќа.

И не дозволувај ничиј притисок да те поколеба на компромис за твојата среќа. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg