Поучна приказна: Тајната на вистинската среќа

Едно младо момче отишло на посета кај еден мудрец.

pouchna prikazna tajnata na vistinskata srekja 01

Стариот мудрец внимателно ги слушал причините за посетата на момчето, но му кажал дека нема време да му објасни која е тајната на среќата. Му предложил да се прошета низ палатата и да се врати за два часа.

„Но сакам да те замолам нешто“, кажал мудрецот и на момчето му дал мала лажичка во која ставил две капки масло.

„Додека се движиш, носи ја оваа лажичка, но внимавај маслото да не се истури“.

Момчето започнало да се качува и симнува по катовите во палатата, постојано внимавајќи на лажичката. Кога поминале два часа, мудрецот повторно се појавил.

„Како помина? Дали ги види персиските килими во мојата соба? Дали ја виде градината што најдобриот градинар ја одгледуваше 10 години? Дали забележа колку книги имам во мојата библиотека?“, го запрашал мудрецот.

Момчето засрамено признало дека не видело ништо. Единствената грижа му била да не ги истури двете капки масло.

„Тогаш врати се и запознај ја убавината на мојот свет. Не можеш да му веруваш некому чиј дом не го познаваш“, му кажал мудрецот.

Сега смирено момчето ја земало лажичката и повторно прошетало низ палатата. Овој пат ги видело сите уметнички дела на ѕидовите, планините во околината, нежното цвеќе во градината, луксузот и вкусот со кој е уредена целата палата. Кога се вратил мудрецот, момчето воодушевено му опишало сѐ.

„Но, каде се двете капки масло што ти ги доверив, прашал мудрецот. Погледнувајќи во лажичката, момчето сфатило дека ги истурило.

„Тоа е единствениот совет што можам да ти го дадам. Дека тајната на среќата е да ги гледаш сите благодати на светот, но никогаш да не заборавиш на двете капки во лажичката“, рекол мудрецот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...
„За културниот сосед од 4-ти кат во мојата зграда во Скопје, ти благодарам што постоиш“ Колку и да се кратки и навидум безначајни тие куси средби со состанарите од згра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg