10 причини зошто е убаво да имаш помала сестра

Помалите сестри се вистински благослов. Тие се најдобрите пријателки, вашето искрено рамо за плачење и партнери во сè.

10-prichini-zoshto-e-ubavo-da-imash-pomala-sestra-001.jpg

Тие се личностите што во исто време ги сакате и ги мразите. Вие сте со нив од првиот ден во нивниот живот и засекогаш ќе бидете поврзани.

Има многу причини зошто е убаво да имате помала сестра, а во продолжение прочитајте дел од нив:

Таа ве тера да сакате да станете подобра личност

Вие секогаш ќе ѝ бидете пример на вашата помала сестра со вашето однесување, што значи дека секогаш ќе се трудите пред неа да се покажете во најдобро светло. Таа ве прави подобра личност.

Вие сте нејзиниот прв пријател, а таа врска е тешко да се раскине

Вие сте присутни во животот на вашата помала сестра уште од нејзиното раѓање. Целото детство таа била „залепена“ за вас. Ова ја прави вашата врска нераскинлива.

Таа ве прави позрели

Кон вашата помала сестра отсекогаш се чувствувате како родител. Сакате да ја заштитите, да ѝ помогнете и да ја советувате за сè. Тоа ве прави зрели и одговорни личности.

Со неа секогаш ќе се чувствувате млади

Иако секогаш ќе сакате вашата сестра да ве гледа како зрели и возрасни, таа секогаш ќе ве потсетува да се опуштите и да се забавувате.

И вашите пријатели ја познаваат и ја сакаат исто толку и вие

Знаете дека имате супер сестра кога и вашите пријатели сакаат да се дружат со неа и ја сакаат исто колку и вие.

10-prichini-zoshto-e-ubavo-da-imash-pomala-sestra-002.jpg

Таа ги поддржува вашите одлуки

Иако не се согласувате секогаш за сè, таа ве разбира и ги почитува вашите ставови. Дури и ако некогаш не мисли како вас, ќе ве поддржи за она што ви е важно во животот.

Секогаш ви помага

Вашата помала сестра можеби нема толку богато животно искуство како вас, но таа секогаш ве слуша и изнаоѓа разни начини да ви помогне. Нејзините совети злато вредат.

Далечината нема да ве раздели

Можете да заминете некаде на подолг период или да се преселите, но далечината никогаш нема да ви претставува проблем. Секогаш ќе останете во контакт и ќе продолжувате од таму каде што сте застанале.

Таа ве учи да бидете трпеливи

Додека сте растеле, веројатно сте имале разни ситуации кога родителите ви префрлале вам за нешто, а на вашата помала сестра ѝ прогледувале низ прсти. Сите тие ситуации ве учат да правите компромис и да бидете потрпеливи.

Колку и да ви се случуваат промени, таа е секогаш тука

Вашата помала сестра е константата во вашиот живот. Што и да се случува, таа е секогаш тука за вас, ве сака, ве разбира и ве поддржува.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Татјана Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам професорка кога ќе пораснам“ „Мој соученик од основно ми беше прв симпатија, но го немам видено од 8 одделени...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg