Еден ден како жена

На некој маж му дошло преку глава да оди на работа секој ден додека жена му останува дома.

eden-den-kako-zena-001.jpg

Тој сакал да види што прави таа па се помолил: “Драги Господе: Jас одам на работа секој ден по 8 часа додека жена ми само седи дома. Сакам она да знае низ што се поминувам и затоа те молам да дозволиш нејзиното тело да се замени со моето на еден ден. Амин.

Бог решил да му ја исполни желбата на мажот. Следното утро човекот се разбудил како жена.

Станал, подготвил појадок за својата сопруга (мажот), ги разбудил децата, им подготвил алишта за на училиште, спакувал ужинка, ги однел на училиште, се вратил дома за да исчисти, отишол до банка да подигне пари, до супермаркет по намирници за ручек.

Го сменил песокот на мачките и го избањал кучето. Веќе дошло 13 часот и побрзал да ги намести креветите во спалната, да ги испере алиштата, да пребрише прашина и паркет; истрчал да ги земе децата од училиште.

Им подготвил ручек и им помогнал околу домашната задача. Потоа ја наместил даската за пеглање и додека пеглал гледал серија на телевизија. Во 16:30 почнал со готвење на зеленчукот за вечера.

По вечерата ја исчистил кујната, ја вклучил машината за садови, ги ставил перените алишта на тераса да се сушат, ги избањал децата и ги легнал да спијат.

Во 21:00 бил комплетно исцрпен, а домашните работи останале недовршени... додека во кревет го чекала жена му која очекувала да води љубов со него, што некако едвај без да се пожали успеал да и удоволи.

Следното утро штом се разбудил клекнал покрај креветот и се помолил:

Господе, не знам што си мислев. Многу погрешив кога и завидував на жена ми што секој ден останува дома додека јас сум на работа. Те молам дозволи ми да се вратам во своето тело!

Господ на тоа му одговорил “Сине мој, имам чувство дека ја научи лекцијата и ќе бидам среќен се да вратам онака како што беше. Само, ќе мораш да почекаш 9 месеци. Минатата ноќ ти забремени“.

Внимавајте што посакувате затоа што може навистина да ви се оствари!

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg