Мојата прабаба беше симбол за позитивна енергија и желбата да се живее животот до максимум

Отсекогаш сакав постари луѓе кои без разлика на сè што им се случува во животот, никогаш нема да ја изгубат насмевката и секогаш ќе ја чуваат позитивната енергија во себе. 

mojata prababa bese simbol za pozitivna energija i zelbata da se zivee zivot do maksimum 01

Никогаш нема да се жалат од староста и ќе се борат да го извадат максимумот од годините кои ги поседуваат. Таква беше и мојата прабаба која со своите скоро 90 години, секогаш знаеше да донесе насмевка на моето лице и да ми го разведри денот, да ми ја стопли душата и да остави пример како треба јас треба да зграбам од животот кога ќе дојде време.

Купив јогурт, портокали и колачи со кокос. Со мојот скромен студентски буџет, тие беа нејзините омилени и секогаш се радуваше ако дома имаше од тие намирници. Затропав на нејзината врата и почекав малку, знаев дека и треба повеќе време за да стигне до вратата.

Ме очекуваше со огромна насмевка како и секогаш дотерана соодветно на годините, веднаш направи шега на сопствена сметка, велејќи дека бебињата се движат побрзо од неа, а јас само се втурнав во нејзината прегратка и не можев да престанам да ја гушкам. Многу ми недостигаше, но патувањата околу светот и студентските денови едноставно даваа премалку време за да се гледаме почесто.

Лицето и светна, додека јас се сместував на креветот, нејзината радост беше неизмерна, поголема од мојата. Прво ме прекори за она што сум трошел пари за да наполнам цело ќесе, како што таа милуваше да кажува, a потоа донесе од кафето кое сама го сварила. Турско, црно јако и горко, како што ме научи да го правам и јас самиот.

Почна да прелетува низ собата, иако се движеше бавно, со една леснотија која едноставно извикуваше љубов од сите страни, почна да вади на трпезата какви не јадења кои сама ги приготвила, рано наутро за својот правнук, да има, кога ќе биде тука. Месена пита со праз, домашни колачи со вишна и ванила, печено месо и уште неколку други специјалитети, како да дошла цела војска да руча.

Ми се насолзија очите и ја запрашав, „Зошто си ја мачиш душата, јас дојдов само да ја видам таа твоја насмевка и тие сјајни очи кои се кријат зад сите брчки на твоето лице, јас дојдов за тебе, a не ти да потрошиш цел ден за да се подготвиш за моето доаѓање. Треба да не се заморуваш и да се одмораш.”

„Немој да се грижиш ти чедо мое. Јас можеби наближувам накај деведесетката, но во мене се уште има жар. Јас не сум се откажала од животот, да се залежам на креветот и да не се поместувам. Мене ова ми го прави денот поубав, секојдневно се будам со некаква мисија, без разлика дали тоа е да ја замесам и испечам питата, да купам нешто од продавница или некоја сосема мала и незначајна работа за другите.

Откако нè напушти прадедо ти и останав сама, тоа ми носи радост. Ми се полни душата кога лакомо ќе започнеш да грабаш од трпезата, кога твоето лице, сега веќе со брада, ќе се измрси од мојата храна. Кога ќе започнеш да испушташ звуци на одобрување, велејќи колку е превкусно. Знаеш дека ако ти си среќен, јас сум до небото и над него.

Се додека можам да се движам, а еве гледаш дека не се давам и сè уште се држам, јас тоа ќе го правам. За одмор, ќе одморам кога ќе ми ги затворат очите. Нели отсекогаш ти велев да не се откажуваш, ако до сега не сфати, тоа не беа само празни зборови.”

Се насмеа и ме остави без текст. Таа е инспирација, од она што ми се вртеше во главата можев само да си помислам, дај Боже и јас да бидам толку позитивен, насмеан, желен за живот, без жалење за мојата состојба. Нека бидам на неа, затоа што таа беше една од милион, мојата супер бабичка, која едноставно ми го разнежнуваше срцето и ми ја полнеше душата, давајќи сила да се издржи секој нареден ден полн предизвици.  

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...

Најчитани неделава