Како во оваа наша држава сите станавме вечни песимисти?

 Дали ви се случило да слушнете некој близок пријател, роднина или сосема непозната личност како се жали за недостаток на финансии и лошите услови за живот?

kako_stanavme_drzava_na_vecni_pesimisti_01.jpg

Се чини дека трендот на жалење поради условитe за живот, недостатокот на пари и незадоволството од работното место не e само наше секојдневие, туку и начин на живеење.

Ама буквално насекаде ќе сретнете несреќни лица, разочарани од баналното секојдневие, ама сепак туркаат понатаму, живеејќи од ден за ден, од плата за плата.

Дури и младите, децата, тинејџерите, покрај „заинтересираноста“ за прашања кои воопшто не треба да ги засегаат како политика, сега се фокусираат и на недостатокот на финансии и разочараноста која е неизбежна по завршувањето на нивното образование.

Како предвремено да ги остаруваме своите идни генерации, терајќи ги да се соочуваат со реалноста која и вака и така е неизбежна.

Не им дозволуваме да уживаат во детството, во искрената смеа и игри и безгрижноста која треба да ја чувствуваат барем до доцните тинејџерски години.

И зошто е тоа така? Сигурна сум дека никој од нас не посакал неговото дете да се опседнува со вакви тешки прашања.

Но, несвесно самите им влијаеме да ја почувствуваат реалноста на големиот и страшен свет.

Доза на реалност не му пречи на никого, всушност таа е клучна за правилен развој на секоја личност, но зошто да не им дозволиме да фантазираат додека се сè уште млади?

Да се надеваат на подобар живот од регуларното темпо на „работа од 8 до 16“ и животот од плата до плата.

Сето ова произлегува од нашето константно жалење и песимизам. Како да ни е влезено под кожата, па наместо да почнеме да реагираме и всушност да направиме нешто корисно за нас и нашите идни поколенија, само си се жалиме и кукаме едни на други за сè што не ни чини во оваа држава.

И јас и вие и сите ние во оваа наша Македонија знаеме дека е навистина тешко да останеш позитивен, а особено оптимистичен за иднината. Таква ни е историјата, со милион маки и проблеми.

И многу е лесно човек да стане летаргичен и екстремен песимист. Ама што ако покрај сите лоши искуства, започнеме да веруваме дека утре можеби ќе нè огрее ново сонце? Посветло и потопло.

Начинот на кој размислуваме може да придонесе да реагираме попродуктивно и полека да започнеме да ја менуваме оваа ситуација на безнадежност.

Ако само си кажеме една едноставна реченица од ден на ден, дека „утре ќе биде подобро“.

Моќта на позитивното размислување можеби ќе биде посилна од целиот песимизам собран низ вековите.

Да си вратиме малку ведрина на лицето и да им дадеме шанса на идните генерации да направат нешто ново, да останат во нашава државичка и да имаат енергија за следните предизвици.

Животот никогаш не ни бил лесен ама секогаш имаме избор да го направиме барем малку поубав.    

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg