Тоа што се унапреди со секс е твој проблем, но не и наша задача да ти се поклонуваме

Велат, тоа е најстариот занает на светот и ќе постои додека се врти и тој. Денес е исклучително масовно изразен, особено кај оние кои се упорни да изградат некаква кариера, ама притоа сакаат да скокнат неколку скалила (односно сите), а го користат своето тело како адут.

Toa-sto-se-unapredi-so-seks-e-tvoj-problem-01.jpg

Фактот што одредени жени решиле да си го продадат своето тело како парче месо во име на кариерата, на крајот од денот си е нивна работа.

Но, кога таквите ти застануваат пред тебе, ти проповедаат морал и етика, лажно трепкаат и глумат светици, тогаш ти доаѓа да врескаш и попатно да ѝ влепиш една шлаканица.

Кого залажувате жени? Наместо во развивање на умот сте решиле сите пари да ги фрлите на силикони, ботокси и оскудни парталчиња облека кои повеќе откриваат отколку што скриваат.

Во ред, ваша одлука, ваш сопствен живот, немам ништо и против тоа. Но, кога се занесувате и глумите некакво лудило, кога ги исмејувате и навредувате сите оние кои си работат вредно, чесно и посветено, наместо во првата прилика да „легнат“ со работодавачот, тогаш сте перфидни и безобразни и заслужувате некој вас да ви се смее во лице.

Проѕирни сте, одамна прочитани. Немој да мислите дека е некоја голема тајна како сте стигнале таму каде што сте. Јасно е како бел ден, на сите ни е јасно, само вие грчевито се обидувате да одглумите колку сте способни, па токму затоа и сте напредувале во кариерата.

„Сепак, јас знам најмногу англиски во фирмата, затоа јас ќе одам на службен пат“. Не бре душо, не знаеш. Не знаеш да бекнеш ниту на македонски како што треба, не пак на англиски.

Најобична табела во Ексел те збунува. Не знаеш да составиш мејл, не си вербално артикулирана, ниту си начитана, ниту способна за работата која глумиш дека ја работиш.

Да, подготвени сме за извинување. Затоа што мислиш дека си попаметна од сите други и имаш право да наредуваш. Затоа што сметаш дека заслужуваш почит и дека треба да те гледаме како некој авторитет, а ти си обична подвижна смешка со раширени нозе.

Барем молчи си. Сокриј се некаде со својата „тешко заслужена“ кариера, нека не те јаде срамот. Наместо да се склопчите некаде, парадоксално уште повеќе се истакнувате, како да сакате по секоја цена да ја покажете својата моќ и доминација.

Како да барате да ви се поклонуваме, да ви оддадеме признание или аплауз. Нема да го дочекате тој ден. Нема да добиете ниту љубов, нити почит и признание. Не сте достојни и вредни.

Оние кои се занимаваат со проституција и си имаат тарифа, барем знаат кои се и што се. Не глумат дека имаат ореол над главата, не нудат оправдувања. Тоа се што се.

И споредени со вас, имаат поголем образ. Вие немате образ, ѓон носите на лицето. А, најсимпатични сте кога зборувате за нечиј туѓ морал. Или колку многу сте се намачиле за да стигнете онаму каде што сте сега. Демек, посветено, со многу труд и работа.

Тогаш неминовно ви се загледува човек во устата во очекување да ви се скамени додека бесрамно лажете.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg