Не му бев доволно добра, тој ќе ме направел совршена - Најмудрото „збогум“ што сум го кажала

Му велев да не ми ја зема слободата - не ме послуша, сега ме нема.

ne-mu-bev-dovolno-dobra-toj-kje-me-napravel-sovrshena-najmudroto-zbogum-shto-sum-go-kazala-01.jpg

Јасно се сеќавам на неговите зборови: „Мора да си го скротиш духот, јас ќе те направам совршена девојка, кога ќе ти дојде памет ќе добиеш сè што сакаш.“

Му велев да не троши енергија на тоа, да ме прифати таква каква што сум, без разлика на тоа колку сум дива и неподнослива на моменти, па нели токму во таквата јас се вљуби?

Но, тој како да беше и слеп и глув. Ме прогласи мене за свој проект и сакаше да ме промени по секоја цена. Толку многу зборуваше, толку многу се трудеше, толку многу си ги кинеше и ми ги кинеше нервите.

И го сакав, очекував дека порано или подоцна ќе се помири и ќе сфати дека треба да биде среќен што воопшто сме двајца кои се сакаат еден до друг во исто време, тоа е претешко денес, ретко кој ја има таа среќа. Но, тој не! Беше упорен во својот „мастер план“.

Наложуваше какви треба да бидат работите, како јас треба да се однесувам, како ако тоа го сторам сè ќе биде совршено.

И чекав да се умори за конечно да бидеме среќни. Но, не се умори. Не се откажа од тоа да ми врши пропаганда на мозокот и да ме присилува да бидам иста како замислата за совршената девојка во неговата глава.

И му дадов шанса. Истрајав одреден период. Но, сфатив дека не води никаде. Ниту тој беше среќен, ниту јас бев среќна. Ме гушеше. Секој негов збор ми правеше превртување во желудникот. Што не смеам, како не треба. Ми дојде преку глава. Копнеев по слободата што ја имав претходно.

Не дека во кој било миг дозволив да ме преобразува, но под налетот на тие негови обиди за трансформација се чувствував како секој ден да водам со него нова битка, венеев, чувствував дека треба да се докажувам дека сум доволна добра и дека нема потреба од неговите „брилијантни“ потфати.

И му кажав СТОП и тоа беше најдобрата одлука што сум ја донела кога било во животот. Како да ги фрлив оковите од мене и повторно бев жива.

И ми вртеше потоа, ми додеваше до изнемоштување. Само му порачав да си даде време и ќе сфати дека јас не бев вистинската за него.

Можеби таму некаде неговата „совршена девојка“ чека на него. Но, и да не ја пронајде, не ми е грижа затоа што повеќе од јасно ми беше дека тој не беше вистинскиот за мене.

Го знаев тоа затоа што повторно дишев слободно. Со полни гради, го сакав секој атом од себеси, како што знаев дека таму некаде има некој што ќе го сака секој атом од мене со ист интензитет, како и јас самата.

Не беше доволно добар за мене...

Прочитајте и „Ќерко“, мажот нема да го промениш, ако не ти е добар пред бракот, нема да биде никогаш!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg