10 животни лекции

Денешното темпо на живеење лесно не наведува да ги заборавиме убавите нешта кои ни ги нуди животот.

10-zivotni-lekcii-001.jpg

Затоа луѓето често пати се депресивни и незадоволни што води кон постојано чувство дека сме несреќни.

Како што патувате низ животот, обидете се да ги следите овие животни лекции кои ќе ве водат и ќе ви помагаат секогаш кога се чувствувате изгубени.

1. Водете врамнотежен живот. Иако сте workaholic секогаш најдете време и за приватниот живот. Потрудете се да не носите работа дома.

2. Бидете вечен студент. Учете една нова работа секој ден. Тоа може да биде збор, вештина, било што, што може да ви помогне да се изградите како личност.

3. Стојте зад своите верувања и принципи. Верувањата и принципите се развиваат како што созреваме. Секогаш станете и борете се за она во што верувате дури иако тоа значи да бидете сами во таа одлука, особено ако знаете дека сте во право.

4. Работете. Работете за она што го сакате. Не се потпирајте на судбината дека другите ќе ви го дадат она што го сакате во животот. Ако сакате да бидете успешни, заработете го успехот.

5. Помагајте. Помогнете на луѓето кои немаат. Волонтирајте за добротворни цели. Нема поубаво чувство од она кога ќе помогнете некому.

6. Трошете колку што имате. Ова можеби е најмудриот совет. Во ред е да купувате, но бидете скромни. Секогаш гледајте кон иднината. Не се задолжувајте само за да бидете како другите.

7. Сонувајте дење, бесплатно е! Секогаш е добро да фантазирате и да сонувате, а потоа да ги остварите сништата.

8. Сакајте се себе си! Прво себе си – па потоа и другите. Простувајте си за грешките и учете од нив.

9. Побарајте помош кога ви треба. Никој не е совршен и никој не знае се’!

10. Живејте го својот сон! Живејте страстно. Немојте само да сонувате за нештата – живејте ги!

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg