Поучна приказна како сами си ги креираме рајот и пеколот

Дали понекогаш се прашувате како некои луѓе не ја тргаат насмевката од лицата? Изгледа сами го креираат својот рај...

pouchna-prikazna-kako-rajot-i-pekolot-sami-si-gi-kreirame-01.jpg

Еднаш еден човек пристигнал кај Господ. Сакал да дознае некои работи од него, меѓу кои и тоа како изгледаат рајот и пеколот.

Господ се согласил да му покаже, па го фатил за раката и го одвел пред две врати.

Ја отворил едната.

Имало огромна маса со чинија на средината. Чинијата била полна со храна која мирисала толку вкусно, што човекот ја голтал храната со очите.

Околу седеле луѓе, но изгледале беспомошни, болни и умирале од глад. На раката од секој била прицврстена лажица со многу долга дршка. Луѓето лесно фаќале од храната, но не можеле да ја донесат до устата затоа што дршката им била предолга.

Нивната несреќа го наежила човекот.

„Сега го виде пеколот“, му рекол Бог.

pouchna-prikazna-kako-rajot-i-pekolot-sami-si-gi-kreirame-02.jpg

Потоа ја отвориле втората врата.

И таму имало иста голема кружна маса со чинија со превкусна храна. Дури и луѓето во раце исто така држеле лажици со предолги дршки. Но, сите изгледале сити и среќни.

„Не разбирам“, рекол човекот.

„Тоа е едноставно“, му рекол Господ.

„Овие луѓе научиле да се хранат еден со друг, додека другите мислат само на себе. Рајот и пеколот се исти. Разликата е во нас.“

Извор

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg