На што нè научиле мајките?

Колку пати ви се случило да се чудите како и покрај се мајките секогаш се во право и секогаш знаат се?

na-sto-ne-naucile-majkite-001.jpg

Ако мислевте дека секое предупредување и замерување од мајките е бескорисно – не сте во право. Индиректно, мајките не учат на многу работи.

Ова се суптилните значења на секојдневните постапки:

1. Мајка ми ме научи да ценам добро завршена работа
"Ако сакате да се потепате, идете надвор, само што го бришев подот!"

2. Мајка ми ме научи да верувам и да се молам
"Моли се на Бога оваа дамка да не остане на тепихот"

3. ...ме научи дека насилството е неопходно од време на време
"Ако не се исправиш има да те треснам"

4. ...за логиката
"Јас сум мајка и затоа секогаш сум во право!"

5. ...да мислам на последиците
"Ако паднеш од љуљашката и скршиш врат, нема сладолед после ручек!"

6. ...да предвидувам случки
"Облечи чисти гаќи, свашта може да ти се случи"

7. ...за иронијата
"Само ти плачи па јас ќе ти дадам причина за плачење!"

8. ...сè за чудата на осмозата
"Затвори уста и јади!"

9. ...за искривувањето
"Погледни ја само таа нечистотија позади твоите уши!"

10. ...за издржливоста
"Нема да станеш од стол сè додека не го изедеш целиот ручек!"

11. ...за времето
"Твојата соба изгледа како да прошло торнадо!"

12. ...дека повторувањето е мајка на знаењето
"Ти кажав еднаш, ќе ти кажам уште сто пати - не претерувај!"

13. ...за наследните особини
"Престани да се однесуваш како татко ти!"

14. ...за зависта
"Има безброј несреќни деца на светот што немаат родители како твоите!"

15. ...за нестрпливоста
"Чекај само да стигнеме дома.."

16. ...за примањето
"Ќе го добиеш ти твоето кога ќе стигнеме дома.."

17. ...за медицината
"Ако голтнеш мастика ќе ти се залепат цревата!"

18. ...за гатањето
"Облакај џемпер, ваљда знам јас кога е ладно"

19. ...да се угледувам на другите
"Како можела таа што седи до тебе да добие петка, така можеш и ти"

20. ...да НЕ се угледувам на другите (контрадикторно со точка 19, затоа е потребно секогаш консултација со мајка)
"Што ми е мене гајле што направило детето на комшијата, може да се убие ако сака"

21. ...за растењето
"Ако не го изедеш зеленчукот нема никогаш да пораснеш"

22. ...за одвишокот
"Ако пиеш кафе ќе ти порасне опашка"

23. ...за готвењето
"Следниот пат направи го ти ако знаеш подобро"

24. ...за мудроста
"Ќе разбереш кога ќе дојдеш на мои години"

25. ...за иднината
"Чекај само да те видам ти кога ќе бидеш мајка"

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg