„Силните способни жени се сопнувани од слабите мажи коишто ги одбрале и завидливите пријателки кои не успеале“

Има многу неспособни жени. Што би бил светот без нив? Баба ми велеше – не може конец да вденат во игла. Не знам, не можам, тоа им се вечните изговори. Неарна сум, ме тресат трески, не ми е баш добро…

Silnite-zeni-se-sopnuvani-od-slabite-mazi-koi-gi-odbrale-01.jpg

Целиот свој живот се држат некако настрана, полузачмаени, полууплашени и целосно незаинтересирани. „Клај клај“. Без идеја, страст и никаков ентузијазам, мислиш го чекаат судниот ден откако се родени.

Готвењето еден ручек им е врвно достигнување на денот. И секако, под лупа се ставени сите оние храбри, успешни, самостојни жени. Како ли успеале? Ах, па се знае, ги бутка некој. Ги рашириле нозете некаде.

Ги има, и таквите ги има. Што би бил светот и без нив? Таквите не се достојни за внимание и коментар, покриени со превезот на лажна успешност и облачето скап парфем.

Но, постои и огромна, трета категорија на силни, способни жени. Што не се плашат, што се неуморни. Жени што грабаат пред себе, што од ништо прават нешто. Што не се плашат од етикети и неуспеси.

А тие, како по некое непишано правило ги имаат покрај себе мажите кои не ги бодрат и не ги поддржуваат. Тие во случајов се жените од првата опишана категорија–мажи „мамини синови“, мажи „несозреани деца“, мажи кои очекуваат сè на готово, а сепак се незадоволни.

Силната жена е и маж и жена во домот. Секако, тоа не смее да се каже гласно, ќе го повреди егото на „главата“ на куќата. Таа ги влече конците, таа пресекува секогаш кога се работи за некоја важна одлука. Таа раководи со финансиите, таа носи дури и повеќе пари дома.

Сепак, тоа не е доволно. Куќата мора да е светната и чиста, фрижидерот наполнет, сметките намирени, ручеците зготвени, децата спастрени, домашните напишани. Во луда трка со обврските и денот од 24 часа кој никогаш не ѝ стигнува да направи сè, таа мора да пронајде време да ги сослуша сите како некој психијатар, да им помогне да се справат со своите задачи, да ги охрабри дека можат, навистина можат да направат сè, само доколку се потрудат.

Во моментот кога ќе посака да земе макар еден час за себеси, сиот нејзин труд и заложби се поништуваат со нула. Па каква мајка си ти, каква себична мајка, жена и сопруга си?!

Ваквите коментари доаѓаат првенствено од мажите кои не знаат да го насочат погледот подалеку од фудбалот на телевизија. „Ем шуто, ем боде“, велеше баба.

Кои не помагаат практично со ништо, а ти предизвикуваат грижа на совеста. Другите лоши коментари се секако резервирани од групата душебрижни пријателки.

Тие ги имаат најдобрите совети за тоа како треба да се однесуваш како една вистинска жена. Твоите манири не ти дозволуваат да им се изнасмееш во лице и да го замолиш да не ти делат такви совети. Но, се воздржуваш, упатуваш љубезна насмевка, го допиваш кафето, брзаш дома, те чекаат еден куп обврски, домашни, работни, какви веќе не.

Уморна си, и понекогаш тажна. Имаш чувство дека си несфатена, недоволно ценета, никој не ти го признава трудот и добрите намери. Балансираш помеѓу десетиците улоги на жена, мајка, домаќинка, кариеристка, сопруга, љубовница, чистачка, перачка и пеглачка, готвачка, но повторно си неблагодарна, себична, напорна, доминантна, кучка, феминистка, неразбрана, своеглава.

Држете се силни, способни, паметни, убави жени! Секоја ви чест. Не дозволувајте да ве препнат мажите кои несреќно сте ги одбрале или кои несреќно со текот на времето се претвориле во незаинтересирани мрзеливи суштества.

Нека не ве препнуваат и коментарите на оние кои не успеале да ви дојдат ниту до половината, едноставно не знаат за подобро. Не дозволувајте да ве замолчат, да ве препнат, да ве сопрат, ние сме двигател на светот, подеднакво сме добри како и мажите и никој, ама никој не може да ме убеди во спротивното.

И доколку сакате некоја работа да биде добро завршена, направете ја самите. Таа лекција ја научивте веќе досега, нели?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg