Кога ќе се изгубиш себе - нема кој да те најде

Избледеа годините и деновите, како стар износен капут, понекаде изгризан и подгорен. И љубовта ни остана таква, само што траеше многу пократко од стариот капут.

koga-ke-se-izgubis-sebe-nema-koj-da-te-najde-03.jpg

Тук-таму ќе му го слушнам гласот, работата и понатаму нè врзува, кажувам што имам, па ќе се вратам во реалноста.

Некогаш се чудев, сега веќе не сакам ни да се запрашам зошто се заљубив, не вреди, некои грешки ги плаќаш дури и подолго отколку што траеле.

Или како што нашите стари сакаат да кажат - заљуби се на брзина, покај се „натенане.“

Беше крај на летото 2000 и некоја, кога влезе во мојот тогаш страшен живот.

Како срна која му се доверува на ловецот, се закотвив и дозволив да ме заплете во мрежата на своите планови, желби и очекувања. А ги имаше, многу повеќе отколку што сум замислувала, многу повеќе отколку што можев да дадам.

Како никогаш дотогаш, се заљубив во целосен странец, во спротивноста на сето она што некогаш сум го сакала и сонувала, во своеглав бизнисмен со совршен маникир, некој кој вози Мерцедес и носи Армани, носи бели совршено пеглани кошули и келнерот го вика по име.

Се заљубив и кој ми е крив?

„Ти ќе бидеш моја жена, а мојата жена не паркира на јавен паркинг, за неа местото е пред влезот на секој локал.“

„Не се будали, каква жена, какви паркинг места, дај ни време да се заљубиме.“

„Немам јас време за тоа, душо. Јас сум сериозен човек, мене ми треба жена.“

И кој ми е крив што на првиот ваков разговор на првото заедничко испиено кафе не побегнав, што под негови стапала самата ги фрлав работите кои ги сакав и ценев?

Никој, освен јас самата.

koga-ke-se-izgubis-sebe-nema-koj-da-te-najde-01.jpg

Но, имаше во тие очи некоја добрина, некаква наивност и едноставност во оние денови кога пред мене го гледав неизбричен, со кутија кекси, бакнувајќи ме во чело и зборувајќи ми како ќе го продаде бизнисот за да заминеме некаде далеку, бидејќи му е доста од сè.

Никогаш нема да ми биде јасно во кој од нив двајца се заљубив, во оној полниот себе, а празен однатре или во тој другиот, едноставен и мил маж. Не знам ниту на кој од нив двајца јас му се допаднав.

Но, знам кој беше погласен и од кој си заминав.

Тој беше сон и проклетство на секоја жена: среден, а животински мажествен, нежен, а всушност грубијан без ронка внимателност. Беше добро истрениран лажго, оној на кој и камелеонот би му позавидил, менуваше лица почесто отколку облека и на секое од нив знаеше да му го најде совршеното место. Во својот, но и во мојот живот.

Раскажуваше толку слатко, што сите отрови кои ги ширеше со лагите се претвораа во највкусните нектари опасно опојни за моето срце. А јас? Јас бев мала, слатка глупава девојка на штикли од сонови кои тој ми ги ставаше во главата.

Го правев сè она што не сум го правела претходно, дури и она што не го сакав. Бев исфенирана, нашминкана и намирисана 24 часа дневно. Секогаш бев приправник за неговата нова желба и неговиот нов хир.

Јас бев сè освен самата јас. И кој ми е крив за тоа? Повторно јас.

Толку мои кривици, толку многу „јас“ во нешто во што го изгубив сопственото јас.

Ми кажуваа, но не гледав. А, кога прогледав, ја туркав истата приказна уверувајќи се себеси дека за сè она што го добиваш – мора нешто и да изгубиш.

Но, да се изгубиш себеси е премногу и прескапо – без оглед на тоа каква награда добиваш. За среќа, тоа го сфатив во последна минута, додека неговиот магичен круг од претстави не ме повлече во вртлог од кој нема назад.

Како што се приближуваше зимата, сè повеќе сфаќав дека повеќе нема да се греам под прекривката на нашата љубов. Сфатив дека тоа мора да заврши и да остане во годината во која почна. Дека не сакам да ја започнам новата година со неговиот товар на мои гради. И го направив тоа.

Се раздвоивме бурно, со кавга, плач, молби и закани. Кавга која тој ја започна, а плачот беше мој, молбите беа мои, но затоа заканите беа негови. Ги исполни. И ме пратат до ден денес.

За три месеци благосостојба и проклетство со него изгубив многу работи кои ги градев многу подолго. Ја изгубив довербата на многу луѓе. Најлошо од сè – бев на чекор од тоа да се загубам себе.

И ќе ви признаам – бев преплашена како никогаш до тогаш. Преживеав и војна и рак, но од ништо не сум се плашела како од тоа губење на сама себе.

Затоа, кога бирате мажи, бирајте ги како татковци на вашите ќерки и синови, а не како проклетство за вашите сонови. Бидејќи, овие вторите ќе направат да се изгубите.

А, кога ќе се изгубите себеси – веќе нема кој да ве најде.

koga-ke-se-izgubis-sebe-nema-koj-da-te-najde-02.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg