Богат репертоар на пцовки, смартфон од 1.000 евра за да им каже колку е 4 х 6 - Ако оваа младина ни е иднината...

Типична петочна турканица во автобусот, ред пензионери, ред работници, ред средношколци. Една натоварена бабичка прашува дали на следната станица е Симпо, бидејќи таму треба да се симне.

bogat-repertoar-od-pcovki-smartfon-od-1000-evra-za-da-im-kaze-kolku-e-4-x-6-ako-ovaa-mladina-ni-e-idninata-001.jpg

- „Таму, е таму. Симнете се на следната станица“, ја убедуваат средношколците и се смеат пакосно и гласно.

Додека да довикнам дека Симпо не е на таа станица, бабичката веќе се симнува и вратата се затвора. „Зошто ја излажавте“, прашувам.

„Ај ти тетке глеј си ја твојата работа“, ми се врти едниот арогантно, додека другите „умираат“ од смеење. Сфаќаш дека навистина треба да си ја гледаш сопствената работа, затоа што нема разбирачка. Треба да си ја гледаш својата работа, бидејќи некој друг не си ја завршил својата – воспитувањето на своето дете.

Премногу ме чуди како толку многу време и внимание им се посветува на децата денес, а најголемиот дел се толку невоспитани. Да може да се врзете со папочна врвка 24/7 со децата сигурна сум дека би го сториле и тоа, но вашето очајно прилепување до нив нема практично никаков бенефит. Напротив, очигледно има контра-ефект. Тие се поразгалени, пораспекмезени и поневоспитани од кога било.

Знам дека мразите да ја слушате реченицата „Во моето време не беше така“. Но, не можам да ви опишам колку е вистинита. Не е дека немало палавковци, белјаџии, невоспитани. Но, верувајте дека се броеле на прсти. И верувајте дека сите сме ги знаеле и сме ги посочувале со прст додека не се засрамат. И верувајте дека нивните белји и закачки ни одблиску не наликувале на денешните драми кои ги прават овие деца.

И бидете сигурни дека нивните родители не застанувале во нивна одбрана, туку децата јаделе добар ќотек и казни. Да, ние сме од тие генерации што „јадеа“ ќотек одвреме-навреме и еве нè какви излеговме.

Вашите деца се оние на коишто никогаш не им се повишува тонот, никогаш не се крева рака врз нив и не смее да им фали ниту влакно, бидејќи модерните психологии со кои се клукате и нив и себеси ве убедуваат дека казна во каков и да било облик врз детето е најсурово насилство.

Па, се прашувам, како тогаш со вашиот начин на воспитување децата ви се двојно полоши, двојно побесни и двојно поневоспитани од нас, „тепаните“ деца?

Мразам што го кажувам ова. Го мразам фактот што имаме толку дефектна, расипана младина. Секако, исклучоци има, што би бил животот ако сè е толку многу црно и безнадежно?

Но, грото од децата се практично неподносливи. Кога ги слушам во автобусот се ужаснувам и ми доаѓа да повратам. Нивното однесување е безобразно, простачко. Сте виделе како се однесуваат вашите деца во јавност, измешани меѓу толпа луѓе? Се гордеете со нив?

Ги галите по глава и ги охрабрувате со „милото на мама“ додека шутираат беспомошни животни на улица, додека фрлаат ѓубре зад себе, а кантата е на 3 метри од нив? Додека плукаат и ’ркаат, и пцујат и се буткаат намерно и кажуваат недолични зборови и се фалат со фиктивните сексуални подвизи и гласно коментираат кој колку добар задник има на жени кои може да им бидат мајки?

Кој ви е тој начин на воспитување? Освен што сите ви се заблеани во мобилните, искривени во ’рбетот од дремење пред компјутер, со пусти соништа да станат само блогерки што ќе се шминкаат и трепкаат и влогери што ќе се збогатат преку ноќ, од коментирање видеоигри, друго нешто остана ли?

Настрана ние „тетките“ смотани што не знаеме и практично сме им никој и ништо, освен безлични лица во автобусот што можеш да ги прелажеш од чиста досада помешана со малку забава, дали сте забележале колку се злобни едни кон други?

Како си се обраќаат, со најпогрдните можни зборови, цел еден репертоар на псовки и сите домашни животни по ред, начинот на кој го оценуваат туѓиот изглед, потсмевот во нивните очи, злобата која им се излева низ устата… можно ли е толку пакост да е собрана во едно дете?

Група популарни дечиња решиле дека нивното другарче е мивка, глупачка, дека некое трето другарче е пе*ер и ги малтретираат вербално, неретко и физички, ги шиканираат на секој можен начин, додека сите останати молчат.

Институциите, вие како родители… немојте да кажете дека не сте забележале. Впрочем, не знаеш што е полошо, да не си свесен колку детето ти е пакосно или да знаеш точно какво е – и да молчиш.

Па не е само да му купуваш, да му купуваш, да му купуваш сè најново и најскапо, да го китиш како некоја елка, да го праќаш на скапи летувања и зимувања, да има најскап баскет и копачки и да борда на снег затоа што е кул, и ти мора да се покажеш дека си кул родител со многу длабок џеб, да правиш циркуси од родендените, да најмуваш професионален фотограф, да се натпреваруваш со родителите на Дариа, кои се пак тие мрсулковци, моја Доротеа е измислена за нив, да го тапкаш по рамо „најубаво си на мама и тато, гордост мамина, алал да ти е како го направи тоа“, а тоа пустото не знае да помножи 4 × 6 без дигитрон, што ќе му е дигитрон си има на телефонот, сум го платил 1000 евра има да „рачуна“ место неа, она е најубава, види ја, знаеш ли ти кој ѝ го дизајнираше фустанот за матура, чинеше колку твојот половен автомобил на старо, кукла на мама, има шминки да покрие 2 трпезариски маси, блогерка мамина, не знае баш да чита најтечно, што ќе ѝ е читањето книги, многу некој аир видел од школо, хехе…

Па не ви се децата само за дотерување и покажување и натпреварување и лекување фрустрации и остварување на вашите неисполнети желби од детството. И што дека сте прилепени до нив физички, кога ментално сте оддалечени илјадници километри, не им зборувате, не комуницирате со нив, не ги воспитувате и воопшто, ама воопшто не си ги познавате сопствените деца...

Во младите е иднината. Ама народ со ваква младина, нема никаква иднина.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg