Машко - женски вистини

Маж без жена не може, но и жена без маж исто така не може. Заедно ни е најубаво и најздодевно, но раздвоени не можеме. Ова се уште неколку мисли за машко – женските односи.

masko-zenski-vistini-001.jpg

Дали се вистинити проценете сами:

1. Додворувајте и се малку на жена ви – како да не ви е жена, како да не ве сака, како да има некој друг, како да може да бира. А, жената не е неблагодарна. На тоа внимание ќе одговори со многу добрина – како да ве сака, како да нема друг, како да не може да бира.

2. Не верувајте им на убавите жени. Премногу се убави за да бидат верни. Истото важи и за паметните мажи.

3. Не трчајте по жените за да не се судрите со оние кои бегаат од нив.

4. Мажите не ги мразат жените онолку колку што викаат на нив, ниту пак жените ги сакаат мажите колку што ги слушаат и трпат.

5. Маж е име за оној кој ве сакал некогаш. Жена е име на онаа која сакала некој друг, а се омажила за вас.

6. Мајките ги учат ќерките да не бидат блесави како што биле тие во нивни години. Татковците како и секогаш имаат друго мислење: нема врска што мајките биле блесави, доволно е што татковците во тоа време биле глупави.

7. Наутро една жена го убедува својот мамурен маж дека е дома и дека таа му е жена. А, него не му е јасно: ако е тоа точно, што бара тој таму?

8. Ако твојата жена вредела, би се омажила за некој друг, не би те чекала тебе.

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg