Ти 82-годишно чиче од Хрватска, што стана вирален хит, ти си ми идол!

ti-82-godishno-chiche-od-hrvatska-shto-stana-viralen-hit-ti-si-mi-idol-01.jpg

Леле, како да го најдам и да го изгушкам и да му кажам дека еден таков дедо по дома ми недостига?

Да му кажам дека можеби на Хрватска ѝ недостигаат повеќе луѓе како него, но Македонија дефинитивно е очајна по нив...

Да ни биде светла точка. Да ни покаже како треба во животот.

Да сфатиме дека многу работи се само во нашите глави. Да ни биде духовен гуру.

Да нè зарази со таа негова позитивна енергија. Да ни покаже каков треба да ни биде пристапот кон животот.

Има 82 години, но неговиот дух и ставови се вистинска лекција и за луѓе од по 32 години.

Сите со скршени духови. Тага во очите. Тонат во очај.

Безнадежност и сивило. Не ценење на здравјето, на животот, на она што ни е од Бога дадено.

Уште повеќе ме иритира што само се жалиме, а реално ништо не преземаме.

Чичево вежба на 82 години, не признава болести, не признава порази.

Од очите му зрачи колку го сака животот. Не е како кај нас пензионериве кога ќе наполнат 60 и некоја година и толку е.

Се предаваат. Скршени. Веќе сè ги боли.

Кукаат до бескрај. Вегетираат, а не живеат.

Забораваат какви луѓе беа и какви луѓе ветија дека никогаш нема да станат.

За жал, станаа сè што презираа во животот. Станаа сиви, мрачни, безнадежни.

Последната третина од животот или колку и да им останува си ја трошат на каучот пред телевизорот.

Ниту се физички активни. Ниту се лечат со доза природа и доза енергија од дружбата со пријателите.

Сега, немаат енергија за ништо. Сега за нив сè е црно.

Сега одбројуваат денови до пензија, па до пролет, па до наредната година.

Чекаат работи за кои нема гаранција дека ќе пристигнат.

Во иднината гледаат светлина, а во сегашноста живеат во темнина.

Но, не и ова чиче. Тој е лекција за сите безнадежници.

Ете, вака треба во животот, само тоа имам да кажам.

Ти си ми идол:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg