Мудра приказна за вистината и лагата: Дали сте доволно храбри да ја запознаете голата вистина?

Оваа чудесна легенда крие во себе мудра приказна за вистината и лагата - дали сте доволно храбри да ја запознаете голата вистина?

stara-pouchna-legenda-mudra-prikazna-za-vistinata-i-lagata-01.jpg

Вистината и Лагата се сретнале еден ден. Лагата ѝ рекла на вистината: „Денеска е навистина прекрасен ден.“

Вистината погледнала во небото и со олеснување видела дека денот е навистина убав. Тие двете поминале многу време заедно, шетале по прекрасните ливади и стигнале до една река.

Тогаш Лагата ѝ се обратила на вистината: „Водата е преубава, ајде да се искапеме.“

Вистината проверила и сфатила дека водата е навистина пријатна. Ги соблекле своите алишта и почнале да пливаат.

Одеднаш Лагата излегла од водата, се облекла но и ја украла облеката на Вистината и побегнала.

Вистината излегла од реката, обидувајќи се да ја пронајде Лагата и да ја земе својата облека.

Светот гледал во голата Вистина, со осуда, бес и со вртење на погледот. Тогаш таа се вратила во реката и дозволила течението да ја однесе засекогаш, криејќи го така својот срам.

Оттогаш, Лагата патува низ светот носејќи ја облеката на Вистината, задоволувајќи ги потребите на сите, затоа што светот сè уште не е подготвен да ја запознае голата вистина, ниту пак има желба за тоа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
„И по 27 години ми одѕвонува во глава пеењето на Тоше на нашата прва средба - се сеќавам на секој де... Од денешен аспект, сфаќам дека таа сабота, 6 март 1999 година, за мене е „голема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg