Внимавај што посакуваш!

Еден ден, еден човек влегол во ресторан, а со него бил еден огромен ној.

vnimavaj-sto-posakuvas-001.jpg

Келнерката ги запрашала што сакаат да нарачаат. Човекот нарачал хамбургер, помфрит и кока кола.“ А, потоа се свртел кон нојот „А, ти?

И јас истото!“ – одговорил нојот.

После некое време келнерката се вратила со нарачката. „Тоа би било 9,40 долари“.

Човекот посегнал во џебот и извлекол точно толкав износ.

Наредниот ден човекот и нојот повторно отишле во истиот ресторан. Повторно нарачал „хамбургер, помфрит и кока кола.“ и се завртел кон нојот: „И јас истото!“ – одговорил нојот. После некое време келнерката им ја носи сметката и им наплаќа 9,40 долари, а господинот од  џебот и извадил точно пари до цент.

И така сето ова преминало во рутина. После 2 недели, повторно дошле во ресторанот.

Вообичаеното?“ – прашала келнерката.

Не, денес е петок! Ќе земам месо со салата и пиво“, рекол господинот.

И јас исто“ – рекол нојот.

Набргу келнерката се вратила со нарачката. Тоа би било 32.65 долари.

Човекот посегнал во џебот и извлекол точно толку пари. Овој пат келнерката не можела да одолее на љубопитноста. „Простете, но како тоа во џебот секогаш имате точно толку пари колку што ви е сметката?

Па...пред неколку години го чистев таванот и најдов стара ламба. Ја протрив и од неа излезе дух кој рече дека ќе ми исполни две желби. Мојата прва желба беше во џебот секогаш да имам точно пари колку ќе ми бидат потребни за да ја платам сметката. И желбата ми се оствари... секогаш кога купувам нешто во џебот ми се појавуваат точно толку пари колку што ми се потребни.

Па тоа е извонредно!“ – рекла келнерката. „Повеќето луѓе би барале милиони, а вие вака ќе бидете богат засекогаш.

Токму така! Без разлика дали купувам млеко или автомобил ,секогаш ќе можам да ги платам.

Добро, а зошто нојот е секогаш со вас?

На тоа човекот воздивнал и рекол “ех, тука е штосот... мојата втора желба беше покрај мене до крајот на животот да имам „пиленце“ со долги нозе и голем задник кое секогаш ќе се сложува со сè што ќе кажам!

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg