Не му верувај, знаеш убаво лаже - волкот влакното го менува, ама ќудот не

ne-mu-veruvaj-znaesh-ubavo-lazhe-ne-ne-mi-veli-deka-se-promenil-01.jpg

Овојпат ќе бил подобар. Овојпат немало да те повреди, ти ветил...

Те слушам и срцето болка ми го растргнува.

Како тебе моја добра пријателке, како ти срце од човеку беше толку малер да запознаеш ваков несреќник?

Па, го знаеш ти веќе многу добро. Знаеш како бесрамно лаже, знаеш како слатко трепка со очињата и лажни ветувања дава.

Знаеш ти мила колку плачеше по него. Знаеше дека збор за утеха ниту јас, ниту твоите не можевме да ти најдеме.

Не ти се јадеше, живот не ти се живееше затоа што тој те повреди како никој друг.

Сјајот во очите го изгуби, вербата во мажите... Во љубов да не веруваш тој бесрамник направи.

Ти што од животот грабаше стана тивка, разочарана, повлечена , во школка затворена.

Ти мила од „прелепотица“ што надалеку блеска во половина девојка се претвори.

И немој. Те молам немој да ми кажеш дека повторно нова шанса ќе му дадеш.

Знаеш дека волкот влакното го менува, ама ќудот не.

Пак ќе те лаже, пак ќе те повреди, пак ќе те изневери.

Зошто веруваш во лажни зборови? Зошто на две очи слепа се правиш?

Не ми вели дека се променил. Не ми вели дека овојпат поинаку ќе биде.

Не ми вели дека ќе му вратиш за сè што ти сторил. Знаеш дека нема. Знаеш дека немаш срце црно како неговото.

Знаеш дека слепец си во љубовта. Знаеш дека никогаш не научи грам здив да задржиш кога некој сакаш така искрено како дете.

Знаеш дека си премногу чиста за овој црн свет.

Знаеш дека за вистинска љубов си родена, а тој таква не може да ти даде.

Знаеш дека не смееш повторно да му дадеш шанса. Зошто??? Зошто тогаш му даваш пак и пак?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Мартија Станојковиќ за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив - Еј, ова е супер“ „Најголемата беља во детството беше тоа што си ја објавив симпатијата на Фејсбук...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg