Во мое време купувавме на „пишанка“, игравме со тасо жетони и ѓеврек беше 10 денари

Низ муабет со колешките, се сетивме на некои работи од нашето детство, кои вака гледано не беа толку одамна, но кога ќе пресметаш – ау, поминале едно 20-25 години.

vo-moe-vreme-kupuvavme-na-pisanka-igravme-so-taso-zetoni-i-gevrek-bese-10-denari-01.jpg

Да, треба да се земе предвид дека децата родени 2000-та година годинава ќе прават 20 години.

Да се вратам на муабетот од детството.

Се сеќавам како редовно пазаревме во маалските дуќанчиња – кај Пацка и Јагода (кој живее во Црниче/Пржино со сигурност ќе се сети на двете).

Неверојатна беше довербата што ја имаа продавачите во тоа време.

Пари со тебе – не носиш. Купувавме на пишанка. Како изгледаше тоа?

Во дуќанчето има една тетратка со распоред по букви – сецнати страниците онака од страна пократко подолго за да може лесно да ја најдат буквата. На буква А ја имаш Ана Б. , Ана од Востаничка, Ана на Миле, Ана на Перо, Ана од кај Месна...

Одиш, купуваш, на дигитрончето ти пресметуваат колку должиш и „чак“ – ти запишува во тетратката. Здравје, кога ќе земеш плата или пензија одиш и се раздолжуваш. Или носиш чек.

Кога ќе се сетам сега, не ми се верува дека постоел ваков систем. Колку ни било убаво и безгрижно.

Се сеќавам дека можеше да си купиш пола леб – ти го сече тука на рафтот за леб и си купуваш пола лепче за 10 денари. Јогурт или пресно млеко во онакво пластично ќесе кое го сечеш на ќошот и после го врзуваш со ластиче ама со сигурност ќе ти протече во фрижидерот. Ако веќе не ти се дупнал по пат во ќесата додека да стигнеш дома. 

Купуваш 100 грама кафе на мелење.

На каса користиш прилика и купуваш мастика Базока за 5 денари. Или Турбо ради сликичките со формули. Или цигари мастики и глумиш дека пушиш со мастиката. Или Center Shock од киселите што го губеа вкусот за 2 минути.

vo-moe-vreme-kupuvavme-na-pisanka-igravme-so-taso-zetoni-i-gevrek-bese-10-denari-02.jpg

Лижевме степ лајт исто за 10 денари.

Ако сакаш да се почастиш си купуваш Бони Топ за 10 денари или замрзнат сладолед на стискање исто од 10 денари.

Кога ќе земе мајка ти плата, одите со уште 2-3 другарки од маалото и за сите купуваш сладолед.

vo-moe-vreme-kupuvavme-na-pisanka-igravme-so-taso-zetoni-i-gevrek-bese-10-denari-03.jpg

Од чипсови – Читос, Череза и Томби сите беа по 10 денари. А ќе си „лапнеш“ и тетоважа или тасо со нив. Па игравме игри со тасо жетони. Кој ќе го преврти – ќе ти го „ќари“.

Ех, да чита сега некој од помладите генерации ќе си рече „Кога било ова? Колку години има оваа – 100?“ ? 33 поточно.

Во мое време ѓеврек беше 10 денари – секаде. И се знаеше, на одмор од школо ако не зимаш ужинка купуваш ѓеврек од „Риело“ или од чичкото со ѓевречиња на тротоарот.

Хамбургер – се знаеше 50 денари. Немаше бургери со 200 екстра додатоци. Хамбургер со кечап и мајонез. Јасно.

Ако не си за плескавица, тост од 40 или комбиниран од 60 денари. Не знам како комбиниран со салама и кашкавал бил поскап од плескавицата. Нејсе, може и сега е така.

Убаво ми е кога сум носталгична и кога се сеќавам на овие времиња. Си правам мини времеплов во главата. Колку навистина брзо лета времето...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg