Кога зрачите со светлина – ги иритирате оние кои живеат во темнина, вашата радост за нив е „коска во грлото“

Веројатно многупати досега сте се нашле во ситуација во којашто едноставно блескате од среќа и задоволство и сакате да го споделите ова чувство со целиот свет. Но, како одговор добивате само поглед попреку и неодобрување?

Koga-zracite-vo-svetlina-01.jpg

Зошто вашата внатрешна светлина ги иритира луѓето коишто живеат во темница?

Ова навистина се случува многу често. Во нашиот живот постојат луѓе кои се исполнети со светлина и осветлуваат сè околу себе, но и такви коишто го зрачат спротивното и нè заслепуваат со својата токсичност.

Просто е неверојатно како овие отровни стрели се појавуваат во моментите кога сме среќни и сакаме да го гушнеме целиот свет и да ја споделиме својата радост со него.

„Зависта е илјадапати полоша од гладот, затоа што таа е духовен глад“.

Всушност, овие луѓе не треба да ве интересираат и не сте им потребни, исто како и тие вам, бидејќи се многу деструктивни. Вистинските пријатели се оние кои не само што ќе ви пружат рамо за плачење во тешките времиња и ќе ве поддржат, туку и ќе ја споделат среќата и радоста со вас.

Светлината и темнината се делови на човечката природа. Некој во душата има светлост, некој темнина, односно завист и злоба. Проблемот е во тоа што мора да комуницираме со тие „носители на темнината“, и покрај тоа што тие ја задушуваат нашата светлина. Светлоста на другите души им боде во очите, предизвикува отров и гнев.

Факт е дека на некои луѓе им е потребно да ви ја одземат светлината за да се чувствуваат подобро.

Тие изгледаат како печурки, однадвор вкусни за јадење, а всушност опасни по животот. Истото е и со овие злобни луѓе - тие ќе ја придобијат нашата доверба, ќе се заколнат на вечна љубов и пријателство, но во реалноста сакаат само една работа - да нè трујат. Да не блескаме така силно и да не ги имитираме со својата радост и искреност.

Доколку личноста што е покрај нас не е во состојба да ја сподели среќата, тогаш што правиме покрај неа? Светлината може да се исклучи многу лесно, но не секогаш ни успева повторно да ја запалиме. Колку подолго остануваме покрај токсичните луѓе, толку е потешко да се вратиме во првобитната состојба.

Кога во душата ни блика радост, брзаме да ја споделиме со оние луѓе кои добро ги познаваме. Ова е апсолутно нормална реакција: сакаме на другите да им кажеме дека сме ја пронашле нашата мала среќа на Земјата.

Секој тоа го прави на сопствен начин. Некој ќе објави на социјална мрежа, некој ќе заѕвони некому и ќе му ги каже најновите вести, некој ќе напише песна… Постојат многу начини, но суштината е иста – сакаме да ја споделиме својата радост со некој, со цел и нему да му биде светло во душата.

„Драго ми е што се радувате, што ѝ се радувате на мојата среќа“.

Доколку во овие моменти наидете на незадоволство и завидливи погледи – не можете да си замислите ништо полошо. Радоста е однесена како со рака. Самиот израз на лицето или интонацијата на соговорникот е доволна да сфатиме: нашата радост, за некого претставува коска во грлото.

Уште повеќе затоа што сме очекувале насмевка за возврат, радосна смеа и задоволство: „Ах, па тоа е фантастично! Честитки другар!“

И светлоста почнува да бледнее. Како некој да ни ги пресекол крилјата во лет. Емоциите бледнеат, радоста неповратно заминува…

Доколку ова ви се повторува со пријателите или саканата личност – време е да размислите што всушност правите заедно. Среќата е навистина заразна, но само за оние кои исто така блескаат одвнатре.

Кај луѓето „на темнината“, туѓата радост предизвикува непријатност и агресија. Само, немојте да мислите дека проблемот е во вас! Нивната нездрава реакција е поврзана исклучиво со нивните трауми и комплекси.

Вашата светлина треба да блеска и да го осветлува овој свет со добрина и радост. А, луѓето кои живеат во темнина не би требало да се мешаат со неа. Оддалечете ги од вас и храбро продолжете да му се радувате на животот!

Извор

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg