Тазе реални дефиниции

Што за вас денес значи економска криза во буквален превод? А, недоразбирање?

taze-realni-definicii-001.jpg

Проверете дали ќе се пронајдете во новите дефинирања на изразите и зборовите.

1. Камен пијан 

Состојба во која не знаете што правите и ви паѓаат на памет необични идеи. Ене верверичка ајде да ја бркаме!

2. Недоразбирање

Кога ја каниш комшиката на кафе, а таа го пие кафето и си оди.

3. Живот

Се раѓаш, одиш во војска, се враќаш, се жениш, ставаш кисела зелка едно 30-40 пати и умираш.

4. Оп!

Звучен сигнал за синхронизација на мајстори. Во главно се користи за навигација кога се носат гломазни предмети.

5. Извини

Универзално име за сите келнери. „Извини, ќе може сметка?“

6. Ќе се чуеме

Јака фора за да откачите некого.

- И, се договоривме значи?
- Ајде, ќе се чуеме!

7. Економска криза

Кога ќе ти останат многу месеци на крајот на парите.

8. Слаб до умерен

Тип на ветер.

9. Видео рекордер

Чинел 1.200 марки кога сте го купиле, сега е најскапиот часовник во домот.

10. Фенг шуи

Изговор за расфрлените работи по домот.

- Еј што не ги прибереш чорапине од под креветот?
- Фенг шуи!

11. Мис Универзум

Натпревар во убавина на кој никогаш не се појавуваат конкурентките од Марс, Јупитер, Венера и другите планети во универзумот.

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg