Маживе пред „климакс“ тргнаа по „швалерки“, заборавија Македонија малечка е, сите се знаат

mazhive-pred-klimaks-trgnaa-po-shvalerki-zaboravija-makedonija-malechka-e-site-se-znaat-01.jpg

Пред „климакс“ маживе како по автоматизам ги „пука“ некоја криза. Наеднаш многу мажи интезивно почнуваат да спортуваат, на социјалните мрежи таргетираат девојчиња што речиси ќерки можат да им бидат.

Здодевно им е дома, некоја паника ги фаќа.

Но, и на жените им е здодевно ама знаат како да ги исконтролираат нагоните (барем голем дел од нив).

Не е само мажот сирот презаситен од сопругата, но ете тој храбро трга во поход.

И наеднаш се додворува, на секоја, секаде.

На работа, на кафе, на социјални мрежи. Дај што било, нешто да се смени.

А пак тие родени во Македонија, а Македонија малечка и сите се знаат.

И така од уста на уста си доаѓа до ушите на сопругата, која сирота дома деца чува.

Исфрустрирана и онака од неговата неприсутност во семејниот живот таа лесно ќе донесе одлука да стави крај на сѐ.

И тогаш овој ќе сфати дека всушност дома имал сѐ. Дека таа му била столбот. Дека без неа и децата во секојдневието сега ќе биде ништо. Дека сатисфакција не му носи љубовницата, му носела само затоа што била нешто ново и забрането.

И така тој ќе си го сруши животот како кула од карти, ќе ја повреди жената што му ја посвети младоста и го сакаше вистински, и ќе ги лиши децата од тоа секојдневно да биде дел од нивниот живот. Ќе брои викенди, ќе се кае при секое гледање што изгуби.

Не мора толку филмови гледање, некои работи не можат да поминат неказнето, дури и ако во моментот ви изгледа како тоа да ви поминува. Прашање на време е.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Бев во болница во туристичко место во Македонија со синот - докторите ни се злато“ За жал, завршив на дежурство во туристичко место во Македонија поради интензивен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg