За Нова година посакувам татко ми да беше жив – Најскапите подароци не се купуваат со пари

2020 беше апсолутно ужасна година речиси за сите што ги познавам. Покрај пандемијата, јас ја доживеав и својата лична, најголема трагедија – го изгубив мојот татко. Тој имаше само 58 години, а непреболот по него не може да се измери ниту со број помножен со 1000 на неговата возраст.

Najskapite-raboti-ne-se-kupuvaat-so-pari-01.jpg

Пред некој ден некој ме праша – што сакаш за Нова година? Инстинктивно ми дојде да кажам – татко ми да е жив.

Да беше сега тука, со мене. Да ѝ се радуваше на елката како мало дете. Бидејќи немале елка како помали додека биле дечиња, татко ми уживаше во празниците и украсувањето на домот.

На шега честопати велеше – а зошто мора да раскитуваме? Нели може елката да си стои во текот на целата година? И така брзо поминува годината, ене ја Новата година пак.

Немав некоја особена желба за украсување годинава како претходните. Тагата ја исцеди сета радост од мене. Но, во некое мало делче од душата пронајдов сила.

Затоа што тоа е она што татко ми би го сакал. Домот да е накитен. Трпезата да е полна. Куќата да блеска од радост. И сите собрани на куп.

Ќе посакаш парфем или скап часовник. Накит, чевли или чанта или некоја марама. И лесно може да добиеш сè.

Ќе го оствариш и тоа одамна зацртано патување, пандемијата нема да трае вечно.

Ќе го добиеш и унапредувањето како што конечно го добив и јас, а татко ми не беше тука да го види сето тоа и да се израдува со мене. Затоа ниту јас не му се израдував.

Можеш да купиш речиси сè со пари. Но, најскапите подароци се бесценети. Нив не ги купува ниту една сума. Никој не ги враќа саканите кои си заминале од овој свет.

Најскапиот подарок е здравјето. Најскапиот подарок е љубовта. Најскапиот подарок се саканите. Најскапиот подарок е времето.

Камо да можевме да го имаме повеќе заедно. И време и здравје за да споделиме повеќе љубов. Е за тие работи не е битно колку нули имате на картичката. Една или десет. Не се купуваат со пари.

Па не губете го времето со материјални желби оваа година. Ако нешто нè научи оваа 2020-та, тоа се скапите работи во животот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава