Златни правила на модерниот бон-тон: Чантата не се остава во скут, не одете на гости ненајавени

Бон-тон правилата се доказ за учтивост и почит, а делуваат во две насоки – како ќе се однесувате кон другите, таков одговор од нив и ќе добиете.

zlatni-pravila-na-moderniot-bonton-na-site-postari-od-12-godini-obrakjajte-im-se-na-vie-001.jpg

Ова се дел од златните правила на модерниот бон-тон, кои ќе ве направат човек достоен за почит:

1. Никогаш не одете на гости или во посета ненајавени.

2. Колку и да сте важни и на висока позиција – директор, академик, повозрасна жена – кога ќе влезете во просторијата, треба први да се поздравите.

3. Ако вие сте го иницирале состанокот или гледањето – вие плаќате. Во секој останат случај, треба учтиво да се понудите, но и да не претерувате со преговарањето кој да плати.

4. Чантата никогаш не се става во скут, на маса и не се закачува на столицата. На масата единствено може да се остави плик-чанта, ако има простор, но дури и тоа не е учтиво. Другите поголеми чанти се оставаат на посебен стол.

5. Златно правило за употреба на парфемот е умереност. Ако навечер го почувствувате својот парфем, значи во текот на денот сите околу вас се задушиле од него.

6. Ако шетате со некого и вашиот партнер се поздрави со непознат човек, учтиво е и вие да се поздравите.

7. Од моментот кога на детето ќе му дадете негова соба, научете се да тропнете пред да влезете. Така ќе го научите да го прави истото кога ќе влегува во спалната соба.

8. Мажот секогаш прв влегува во лифт, а прв излегува оној кој е најблизу до вратата.

9. Не раскажувајте на цел глас дека сте на диета. Не одбивајте храна со овој изговор. Задолжително пофалете ги кулинарските вештини на домаќинот, па потоа може и да не пробате. Исто треба да направите и со алкохолот. Не се објаснувајте зошто не пиете.

10. На непристојните прашања поврзани со пари, одговарајте неодредено. На пример, ако некој ве праша колку го плативте капутот кој го носите, одговорете дека сте го добиле на подарок. Ако другата страна инсистира, само кажете: Да зборуваме за нешто поинтересно.

11. Со сите лица постари од 12 години, треба да разговарате на „вие.“ Културно е да го персирате секој човек кој не го познавате доволно – од колега, до келнер во ресторан. Пред да преминете на „ти“ секогаш мора да прашате учтиво.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава