„Милена, не си сама“ и „не си го бараше“ - СТОП за толерирање на предатори што нѐ третираат како предмети

По храбрата изјава на актерката Милена Радуловиќ која после 8 години реши да го сподели сопствениот личен кошмар за силувањето од страна на нејзиниот професор по глума Мика Алексиќ кога таа имала само 17 години, се излеа лавина од коментари.

milena-ne-si-sama-i-ne-si-go-barashe-samo-zatoa-sto-ziveeme-vo-svet-sto-predatori-sto-ne-tretiraat-kako-predmeti-01.jpg
фото: Инстаграм/Милена Радуловиќ

Поголемиот дел – инспиративни, храбри, мотивирачки, полни сочувство и поддршка за храбрата девојка која поминала низ пеколот и назад.

И очекувано – дел одвратни, ништожни, подли и бедни коментари: Како си го барала. Како ѝ мрткало га*ето. Што чекала досега? Зошто не пријавила и не реагирала порано?

Да не сте ѝ во кожата на Милена. Посакувам никој никогаш да не биде во нејзината кожа. Ниту тогаш, ниту пак сега. Поради некои мали мозочиња, кошмарот на Милена е растегнат до денешниот миг.

Дали навистина сметате дека ви должи некакво објаснување, освен вистината што веќе ја сподели? Дали мислите дека имате какво било право да ја осудувате?

Сите (или барем повеќето), повеќе или помалку, директно или индиректно, сме биле на нејзиното место, односно во некои слични ситуации...

Група мажи, a вие мора да поминете сама покрај нив со грч во грлото, знаејќи дека ве одмеруваат од глава до петици, се смеат, довикнуваат простачки зборови, навреди и пцости.

Некои дури и ви се приближуваат додека вие чекорите со наведната глава - „Каде брзаш, дојди да се запознаеме...“

Го забрзувате чекорот, срцето ви тупоти, ви ѕвони во ушите, притисокот расте... ним им е смешно, вам ви се плаче. За нив е само игра, за вас е траума.

Професорот на факултет кој намерно вe бутка неколкупати на испитот, само затоа што сте му „многу слатка“ и сака да ве види уште неколкупати на „орален“ испит. Тоа се неговите зборови, а вие сте сосема немоќни.

Колегата, кој „случајно“ се допира блиску до вас во лифтот. Другиот кој ви дава комплимент колку убаво изгледате, дека сте навистина „јака“ и дека се надева дека некој „ве работи така како што заслужувате“.

Гинекологот кој е прилично груб со прегледот и на вашето инстинктивно грчење тој безмилосно и простачки враќа во зборовите: „Аман, никој не те пипнал досега, божем си немала секс! Ајде не преправај се!“

Милена, не си сама. Сите сме МИЛЕНА.

Никој од нас не си ги замислува овие ситуации, реални се. Никој од нас не си „го бара“; предаторите едноставно си имаат всадено во главата дека се помоќни, посилни, дека им следува нешто, дека сме обични предмети ставени на нивно располагање, дека не вредиме ништо.

И дека може да поминат неказнето. Нема. 

Не, мојата облека не е покана за да ме допреш без моја дозвола.

Не, мојата шминка не е провокација за да ме етикетираш онака како што сигурно не сакаш да ги етикетираат мајка ти и сестра ти.

Не, мојот поглед не е повикувачки, моето тело не е твое за да го злоупотребуваш и не значи НЕ!

Милена, не си сама. Сите сме Милена.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава