Марулата од 30 и јајцето од 7 денари на пазар се скапи, ама Цезар салатата од 250 во ресторан е сосема во ред

Покажи ми човек кој не се срами да каже дека си купил нешто од пазар. Искрено и отворено – „Од каде ти е?“ – „Од пазар ми е!“ Ретки се таквите...

marulata-od-30-i-jajceto-od-7-denari-na-pazar-se-skapi-ama-cezar-salatata-od-250-vo-restoran-e-sosema-vo-red-01.jpg

Да, чорапите ми се од пазар, очилата, по некој дуксер, џемперче, папучи и влечки… и не дека гледам особена разлика од тие купени во продавница. Напротив, тие од пазар во најголем дел дури се погодиле потрајни и поквалитетни.

Ама пустото, сите да дознаат – колку е? Од каде е? И ако кажеш некоја баснословна цена или бренд, ти во нивните очи растеш. И обратно, ако кажеш дека е од пазар, ти се смалуваш, како да не си истиот човек од пред 10 секунди. Чуден некој феномен.

Немаме за до Охрид, „ама знаеш колку се сега евтини аранжманите во Занзибар, ма живо џабе!“

Немаме вода во очите, „ама парфемов маци како мириса, оригинал си е оригинал, само 100 евра!“

Сведок сум како луѓе се расправаат со стари бабички на пазар за цената на марулите (е аман бе, што е тоа, марула 30 денари!) и цената на јајцето (арам да ви е, само поскапувате!), а немаат проблем да дадат и 250 денари за Цезар салата во извикан ресторан, со полуовената марула и едно јајце.

10 салати ќе направите со продуктите купени на пазар, ама кој да ви каже. Тоа не е „фенси“.

Покажи ми човек кој не се срами да каже што работел и дека го цени секој денар. Дека престижот не е материјалното на себе, цената, брендот, престижот денес е да си човек, нормален, искрен, насмеан и непретенциозен.

Не некој што ќе се мурти на виното со коешто го послужуваш и ќе го мириса како најголем експерт, а до вчера сè што пиел било токму најевтиното вино. Не дека има некаков проблем во тоа.

Нормално е за времето во кое живееме да се внимава, да се штеди, да се купуваат и поевтини производи. Ненормално е кога глумиме. Кога се преправаме нешто што не сме. Кога ги омаловажуваме другите затоа што купувале од пазар, од маалски бутик или не знам веќе од каде.

Целиот свет се воодушевува на природно, домашно, рачно изработено … на начини на кои може да заштедиме и притоа да ја заштитиме природата во којашто живееме.

Само ние, сè уште имаме очајна потреба да се прикажеме во некое лажно, блескаво светло и да воодушевиме некој друг.

А никој не сфаќа дека под тој лажен сјај се кријат евтини, лажни и тажни луѓе.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg