„Не си жена ако не си родила или доела бебе“ – Која си ти да судиш колку некоја друга е „жена“?

Жена на жена си е волк и најлошиот непријател. Наместо да се поддржуваме, ние се омаловажуваме една со друга и спремни сме да си ги „ископаме очите“, во трката на самодокажување – која е поголема жена, мајка, сопруга и домаќинка.

Ne-si-zena-ako-ne-si-rodila-bebe-01.jpg

На ужасната вест дека на блиска пријателка ќе мора да ѝ ја отстранат градата поради тумор, од друга, и морам да нагласам – неповикана соговорничка, ја слушнав следната глупост – „Кутрата, тоа жена ли е?“

Да, жена е! Многу поголема и похрабра од тебе со тој ограничен мозок. Жената не е само гради или матка, па да ја дефинира само изгледот, внатрешните органи или можноста за размножување.

Впрочем, група жени навистина имаат бизарни идеи за тоа што и каква треба да биде една ЖЕНА. Според нивните стандарди и критериуми, не си жена ако не родиш.

Бреј, навистина ли? Не е само да го родиш, да ја прераскажуваш стопати истата приказна за твоето тешко породување и каков херој си ти, само затоа што си одбила епидурална инјекција.

Еве, подигнуваме споменик во твоја чест, за нешто што жените го правеле илјадници години наназад. Не си посебна и не си специјална. Со твоето напаѓање на сите други жени што немале искуство како твоето си само невоспитана.

Не застануваат тука. Не си жена ако не си го доиш бебето. Кој те направи кадија и судија да го изедначуваш доењето со поимот жена?

Дали ви е јасно низ какви трауми поминува тазе породена трудница, па уште само вие ѝ фалите со вакви кобни изјави?

Не си жена ако не се омажиш. Повторно, коментар од „жените-мајки-кралици“ кои наместо да си го гледаат сопствениот брак, уживаат да се мешаат во интимните односи на другите жени.

Не си жена доколку не готвиш. Не си жена ако не знаеш да зготвиш, исчистиш, испереш … само затоа што тебе ти се пегла 4 часа во денот, на некоја друга не ѝ се прави тоа и сигурно има други активности со кои си го пополнува времето.

Со ваквите изјави изгледате како да сте исползиле од темниот век, звучите смешно и неподносливи сте.

Газите врз жените кои морале да отстранат дел од телото за да преживеат. Им ставате сол на раните на жените кои се борат со неплодност или решиле да посвојат бебе.

Како да се исмејувате со жените, кои и покрај сите добри желби и напори, немале грам млеко или не успеале да си го дојат бебето.

Со ваквите изјави ги повредувате оние кои немале среќа сè уште да си најдат соодветен партнер или едноставно решиле да си бидат среќни и сингл.

Со неумесните коментари за тоа колку некоја друга е жена, вие потврдувате само едно – дека вие самите, не сте!

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg